Постои една легенда за Чероки Индијанците за обред за преоѓањето на момчето во зрело доба. Таткото го води својот син длабоко во шумата, му става превез преку очите и го остава сам!Од момчето се барало цела ноќ да седи на едно исечено стебло и да не го тргне превезот од очите се додека не ги почувствува првите зраци на сонцето на лицето.
Не смеело да плаче, ниту да бара помош.
Кога ќе ја преживее ноќта, станува ЧОВЕК.
Му било забрането да зборува со други деца за своето искуство, бидејќи секој од нив морал да влезе во зрелиот период на свој начин. Момчето секако било переплашено. Можело околу себе да ги слушне сите видови звуци. Од криковите на дивите ѕверки до оддалечените гласови на луѓето кои исто така би можеле да го повредат или убијат.
А непрестајно се слушал и ветрот кој во лице му носел трева и земја. Но сепак, малиот индијанец стоечки го поднел сето тоа. Знаел дека тоа е единствениот начин да стане зрел човек.
Конечно, по ужасно преживеаната ноќ, излегло сонцето и тој можел да го тргне превезот од очите.
И дури во тој момент малиот Чероки индијанец открил дека неговиот татко цело време седел покај него на друго пресечено стебло и внимавал да не му се случи нешто лошо!
Исто така и ние никогаш не сме сами. Некој секогаш внимава на нас.Од момчето се барало цела ноќ да седи на едно исечено стебло и да не го тргне превезот од очите се додека не ги почувствува првите зраци на сонцето



