КРЕАТИВНО: На овој пешачки можете да играте Понг со личноста отспротива!

Тим од студенти за креативен дизајн, конечно го инсталираа својот генијален пронајдок кој беше спомнат уште во 2012 година – копче на пешачки што ќе им овозможи на странците да играат уличен понг едни против други додека чекаат да се смени светлото на семафорот.Амели Кунзлер и Сандро Енгел, студенти на HAWK Универзитетот, го инсталирале уредот во германскиот град Хилдешајм само пред неколку недели, со помош на тим на програмери.
Идејата за нивнното „Actiwait“ копче стана вирална кога студентите, заедно со третиот колега, Холгер Мишел, го објавиле нивното концепт видео во 2012 година. Иако тоа беше само лажна визуелизација, собра милиони прегледи и допаѓања. По надминувањето на бројните технолошки предизвици и бирократијата, уредот е инсталиран на еден пешачки премин во Хилдешајм пред HAWK Универзитетот.
„Луѓето се возбудени и среќни што постои таков уред. Воедно, тие и се запознават едни со други преку уредот. Постојат дури и посетители од други градови и држави кои доаѓаат да одиграат натпревар во стритпонг“ – велат тие.
Погледнете го видеото:Амели Кунзлер и Сандро Енгел, студенти на HAWK Универзитетот, го инсталирале уредот во германскиот град Хилдешајм само пред неколку недели, со помо

Пронајдете не на следниве мрежи: