КРЕМ ЧОРБА од мешан зеленчук

Loading...

Вкусна чорба кога имате малку од секој зеленчукСостојки:
 мл масло
1 главица кромид
2 поголеми моркови
1 корен пашканат
неколку „цветчиња “ карфиол и брокула
1 шолја грашок
1 компир
1 јајце
1 кисела павлака
1 лажица сув зачин
пола лажичка сол и малку бибер
Подготовка:
Исецкајте го кромидот, додадете масло и половина чаша вода, па ставете да се динста.
Кога кромидот ќе биде готов додадете го грашокот , вода и лажица сув зачин па оставете да се готви.
На грашокот му треба повеќе време од останатиот зеленчук.
Додека грашокот се вари, исчистете ги морковите и пашканатот па исецкајте ги, исчистете го компирот и исецкајте на ситни коцкички.
После половина час варење на грашакот, додадете го исецканиот зеленчук, додадете уште вода, за зеленчукот убаво да биде залиен и продолжете со готвење.
Кога морковот ќе биде скоро готов додадете брокула и карфиол и уште малку врела вода.
Количината на вода одредувајте ја сами во зависност од тоа дали сакате погуста или поретка чорба.
Кога се ќе се свари посолете.
Изматете го јајцето со павлаката, се добро да се соедини, тргнете од оган и мешајте.
На тој начин ќе остане кремот. Може да се додаде и лимонов сок. Состојки:
 мл масло
1 главица кромид
2 поголеми моркови
1 корен пашканат
неколку &bdq

loading...