Кремасти равиоли

Вкусни кремасти равиоли за љубителите на италијанската кујна Состојки:
250гр свежи равиоли (со фил по вкус)
вода за варење и малку сол
бел крем
20гр путер
1 лажиче маслиново масло
1/3 страк сецкан праз
3-4 танки чајни стапчиња салама
3 парчиња топено сирење
200гр кисела павлака
100мл павлака за готвење
1 рака грашак лук и магдонос по вкус, мешавина на италијански зачини, сол, бибер неколку шери домати и неколку зелени маслинки полнети со црвена пиперка
пармезан
Подготовка:
Во една касерола се налева вода и се додава прстофат сол Кога ќе почне да врие се додаваат равиолите и евентуално грашакот и се варат според упатството. За тоа време го приготвуваме белиот кремаст прелив. Во сад на оган ги ставаме путерот и маслото и го ставаме празот.
Кратко пропржуваме па ги додаваме чајните стапчиња (сечени на мали парчиња) и тие да го пуштат својот мирис и вкус. Го намалуваме огнот па ги ставаме павлаката за готвење, киселата павлака, топеното сирење, зачинуваме по вкус, ги додаваме шери доматите и маслинките.
Нека крчка на тивко 2-3 минути да се спојат вкусовите. На крај посипуваме со сецкан магдонос, Во голема чинија ги сервираме исцедените равиоли, врз нив го нанесуваме белиот крем, наросуваме со сецкан магдонос и пармезан. До колку имате грашак од конзерва одма ставете го во сосост додека крчка.
 Состојки:
250гр свежи равиоли (со фил по вкус)
вода за варење и малку сол
бел крем
20гр путер
1 лажиче

Пронајдете не на следниве мрежи: