Крофни на пареа!

Подгответе малку поинакви крофниСостојки:
500гр брашно
20гр свеж квасец
1 лажица шеќер
малку сол
1 жолчка
200 мл млеко
100гр џем
100гр чоколадно трошки
Подготовка:
Во топлото млеко здробете го квасецот, ставете го шеќерот и лажица брашно и оставете да нарасне. Сето тоа сипете го во садот со брашното, жолчката и солта и замесете тесто. Оставете да нарасне. Тестото треба да биде помеко.
Од тестото направете тенка кора и исечете коцки. На секоја коцка ставете малку џем.

Од секоја коцка направете топчиња. Оставете да надојдат додека се подготви видата за следниот чекор.
Наполнете поголем сад со вода, одозгора цврсто врзете чиста крпа и покријте со капак за да не излегува пареата. Кога водата ќе почне да врие, крофните ставете ги на крпата, поклопете и оставете да се готват 8 минути. Водете сметка крпата да не се спушти во водата.

Готовите крофни извадете ги на чинија и посипете со чоколадни трошки или шеќер во прав.Состојки:
500гр брашно
20гр свеж квасец
1 лажица шеќер
малку сол
1 жолчка
200 мл м

Пронајдете не на следниве мрежи: