Ова е уште еден доказ дека кучето му е најдобар пријател на човекот. Така најдобро може да се опише настанот од Охајо, кога пожар ја зафати куќата во која се наоѓале Бен Ледфорд и неговото куче, 9-годишната Кармен.Имено, таа не сакала сопственикот да го остави сам, дури ни во моментите кога шансите за преживување биле минимални.
Токму поради тоа, 9-годишната боксерка Кармен, сега се бори за живот.
Пожарникарите кои дошле на местото на несреќата, ја пронашле неа како лежи врз онесвестениот сопственик, обидувајќи се да му го сокрие лицето од чадот и огнот.
Ледфорд (33), бил пренесен во болница, каде што починал. Кармен завршила во ветеринарната клиника „Cincinnati`s Care Center“, каде што е приклучена на апарати за дишење.
„Засега е добро, колку што може да биде“, изјави ветеринарот Даниел Кери и додaде дека се борат да ѝ ги спасат оштетените бели дробови и дека Кармен сѐ уште не е доволно силна за да може самостојно да дише.
И покрај проблемите со дишењето, таа е ментално здрава и не покажува дека има невролошки проблеми.Имено, таа не сакала сопственикот да го остави сам, дури ни во моментите кога шансите за преживување биле минимални.
Токму поради тоа, 9-го