Доколку сакате нешто ладно и освежително, нема да погрешите ако одберете Мохито. Одличен освежувачки пијалак за топлите денови кои доаѓаат, вкусен за нашата уста и лесен за подготовка!
СОСТОЈКИ:
– 50мл бел рум
– 2ч.л. шеќер
– 1 зелен лимон
– 10 ливчиња нане
– мраз
– газирана вода
ПОДГОТОВКА:
1. Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
2. Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.3. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот.Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода.
4. Украсете со парче зелен лимон.СОСТОЈКИ:
– 50мл бел рум
– 2ч.л. шеќер
– 1 зелен лимон
– 10 ливчиња нане
– мраз
–