Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните

Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и дезинформации да ги дефокусира од обврските кои ги презеде, се вели во демантот од ВМРО-ДПМНЕ на лагите искажани во интервјуто на Зоран Заев на МТВ.Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Човек што е два пати аболициран за криминал веројатно со ваквите дезинформации сака да си подготви терен и за трета амнестија за случајот Поткуп. ВМРО-ДПМНЕ и досега во повеќе наврати демантираше дека воопшто се разговарало со Заев на оваа тема.
Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот Министер за финансии се пофали дека на 5 јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата Влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале.
Заев лажеше дека јавниот долг изнесувал над 50% од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра. Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30.04.2017 година изнесувал 45,9 %. Со овие паушални бројки и лаги, Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки.
Начинот на кој што Зоран Заев пристапува кон суштинските прашања е крајно несериозен и загрижува.
Опасно е човек на негова позиција да ги релативизира сите прашања и дека бега од конкретни одговори и одговорност.
Граѓаните од него не очекуваат лаги и манипулации, туку очекуваат да ги исполни ветувањата што ги даваше пред избори. Граѓаните очекуваат Република Македонија час поскоро да стане членка на ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања. Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат, а не лаги како изградбата на постојните била закочена. Граѓаните очекуваат 16 000 денари минимална плата и 30 000 просечна, а докторите очекуваат плата од 100 000 денари.Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Човек што е два пати аболициран за криминал веројатно с

Пронајдете не на следниве мрежи: