Лавови, статуи и слобода

Loading...

…„Се чини дека нашите левичарски, прогресивни пријатели денес, насекаде во светот, решиле да си ја продадат сопствената душа за нешто друго; обично пари, често и моќ. Тие би претпочитале „неуките маси“, кажано со зборовите на дел од елитистичките весници на Западот, едноставно да си ги затнат муцките, да си ја гледаат работата и да им дозволат на неизбраните, неодговорни елити да го водат светот.“Во неделата, на 3 јули, со неколку члена на моето семејство ја посетив Kуќата на теророт, музеј посветен на жртвите на нацизмот и на советскиот комунизам (вклучувајќи го востанието од 1956 година); набрзо потоа им се придруживме на други Американци што живеат во Будимпешта за да го прославиме американскиот Ден на независноста (4 јули). Ова беше дел од неколкудневната посета на Будимпешта и регионот во која уживав во Унгарија и се среќавав со некои наши далечни роднини (јас сум половина Унгарец).
Kолку остар контраст беше Kуќата на теророт на скарата која следеше по посетата во неа: слободата е скапоцена и луѓето низ историјата ги жртвувале за неа своите животи и повеќе. Татковците-основачи на Соединетите Американски Држави се заколнале со своите животи, богатства и со светата чест кога го потпишале изводот на раѓање на Америка, Декларацијата за независност, на 4 јули 1776 година. Ако новосоздадените Соединети Американски Држави ја изгубеа Револуционерната војна против Англија, сите тие ќе ги загубеа своите животи, богатства и својата света чест. А и нивните семејства многу ќе страдаа.
Размислував за сето ова додека чекорев по убавите улици на Будимпешта. Многупати сум бил во Будимпешта и сум патувал низ Унгарија, но овој пат обратив внимание и забележав: многу лавови, статуи и грандиозни градби. Во мислите се вратив во Скопје и на изградбата што таму се одвива, како и на поплаките од многу наши пријатели со левичарски светоглед или со светоглед што го слави негирањето на индивидуалната нација и на индивидуалниот идентитет, претпочитајќи наместо тоа да бидат „граѓанин на светот“, како што американскиот претседател Барак Обама се нарекува себеси. Не знам дали да ги жалам бидејќи се можеби заблудени, или да им се лутам знаејќи дека многумина навистина чувствуваат дека нациите-држави, индивидуалните држави и идентитетот веќе не припаѓаат во светот денес. Покрај претседателот Обама, Унгарецот Џорџ Сорос е уште еден од овие поединци кои веруваат дека националниот идентитет и нациите-држави веќе не се важни.
Унгарија, како и Македонија, има богата историја и нејзиниот главен град е преполн секакви статуи. И лавовите се во изобилство претставени во статуите, камените релјефи на зградите и речиси насекаде. Всушност, лавот се користи низ цела Европа и светот како како симбол на силата. Само затоа што една нација нема лавови физички присутни на нејзината територија не значи дека не може да ги користи на репрезентативен начин. Ако се сомневате во моите зборови, прашајте зошто нашите естонски пријатели во Северна Европа имаат три стилизирани лава на државниот грб, официјален дел од владата и од историјата. Лавовите сигурно никогаш не талкале низ Естонија. Ми се допаѓа кога гледам како државите (особено во Европа) ги користат лавовите за да ги украсат своите престолнини. Тие се симбол на силата, храброста и на честа. Тие помагаат да се раскаже приказната за гордеењето на еден народ со својот идентитет и суверенитет.
За жал, се чини дека нашите левичарски, прогресивни пријатели денес, насекаде во светот, решиле да си ја продадат сопствената душа за нешто друго; обично пари, често и моќ. Тие би претпочитале „неуките маси“, кажано со зборовите на дел од елитистичките весници на Западот, едноставно да си ги затнат муцките, да си ја гледаат работата и да им дозволат на неизбраните, неодговорни елити да го водат светот. Ние во Америка им кажавме „не“ на неизбраните, неодговорни елити во 1776 година. Се родивме како слободни мажи и жени и посакавме да останеме слободни мажи и жени. И затоа се побунивме, слично како што Британците се побунија против неизбраната и неодговорна елита во Брисел на референдумот за напуштање на ЕУ минатиот месец.
Па сепак, се уште постојат, во светот и во Македонија, оние што би си ја продале душата и душите на своите земјаци на неизбраната и неодговорна елита за некој денар или за малку моќ, не сфаќајќи дека кога ќе заврши таа размена, нема да го добијат ни едното ни другото, туку ќе добијат една форма на ропство. Токму затоа тие реагираат со бес, омраза и со боја, меѓу другите тактики, кога една нација сака да си го потврди својот суверенитет, својот идентитет и својата независност.
Би им рекол на моите левичарски, прогресивни пријатели дека се „на погрешната страна од историјата“ или дека сè е „средено“ и веќе нема дебата за ништо, т.н. „аргументи“ што тие љубат да ги користат, но тоа би било спуштање на моите стандарди, а јас нема да го дозволам тоа. Kако вистински конзервативец, често се прашувам себеси: моето размислување е правило, зарем не? Дали се моите аргументи цврсти? Го поткрепуваат ли фактите она што го зборувам и што го мислам? Најчесто откривам дека оние универзални и неменливи вистини го поткрепуваат тоа во што верувам, но подготвен сум повремено повторно да ги разгледам нештата и да го сменам мислењето. Тоа не е случај со нашите левичарски, прогресивни пријатели. Тие не признаваат ниту прифаќаат никаков начин освен нивниот.
Kолумнава ќе ја завршам со приказна што многупати сум ја раскажал. Јасно се сеќавам што ми рече еден од моите источноевропски пријатели во 2004 година, кога неговата нација стана членка на Европската Унија (тој тогаш работеше во нивното Министерство за надворешни работи, а сега е амбасадор на неговата земја во Вашингтон). Ми рече: „Kако и да е, заменивме еден господар со друг.“ Суверенитетот и слободата, понекогаш изразени преку архитектонскиот дизајн на главниот град – се од витално значење и се поважни од парите или од моќта. Запаметете ги овие работи кога за некој месец ќе прославувате за слободна и независна Македонија.
 
Пишува: Џејсон Мико за Дневник
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)Во неделата, на 3 јули, со неколку члена на моето семејство ја посетив Kуќата на теророт, музеј посветен на жртвите на нацизмот и на советскиот ком

loading...