Лазарев: На лекарите им е ЗАБРАНЕТО да лечат – Единствена цел е ПРОФИТ – I дел

Loading...

Ако лекар или научник создаде нов метод на лекување на болести, едноставен, кој ќе може да се   користи од страна на секој човек, евтин, тогаш лекарот или ќе го убијат, или ќе го обвинат и ќе му ја земат дипломата. Сето тоа се прави многу лесно кога има многу пари.  Можат да го сместат во затвор или кон него да се насочат корумпирани светски научници, нивни претставници, чија задача е да го уништат и да го прогласат за шарлатан. Или од него ќе го купат неговиот изум под услов да заборави на него. Во пракса, тоа е доста широко распространето.Сергеј Николаевиќ Лазарев, филозоф, психолог и руски научник кариерата ја започна со мешање во разни алтернативни начини за лекување на човекот. Тој е автор на неколку книги кои се преведени низ целиот свет, но по некое време сфаќа дека целата вистина за човекот и нлекувањето на сите болести е скриена во Библијата, во Божјите зборови.
Голем противник e на денешната медицина, бидејќи, како што вели тој, животот на човекот не е во рацете на лекарите денес, туку во рацете на банкарите и парите. Тој неодамна одржа предавање во Санкт Петербург, каде што на луѓето им објасни како медицината функционира  денес. Таму, наведува дека на лекарите целосно им е забрането да лекуваат, што е сосема апсурдно, а кој ќе му се спротивстави на овој модел наскоро ќе умре, затворен или деградиран.
Се разбира, сè што Лазарев говори може да се види во примерите и кај нас. Ако лекарот јавно зборува против својата професија, наскоро ќе биде исмеван и прогласен за шарлатан. Целта на сето ова е да се намалат луѓето на планетата.
Денес не лекарите не им е во интерес да се ослободат од болеста
– Ако, на пример, постојат некои феномени кои се чинат целосно неповрзани, како да дознаеме што се случува? За да се разбере ова, потребно е 3-4 ситници  да ги поврземе во една заедничка точка, во еден логаритам. Тогаш се јавува она што ние сега го нарекуваме разбирање.
Да се разбере што е болест,треба да ги поврземе заедно причините за болеста, нејзината функција и последици. Кога ќе погледнеме како болеста се јавува, што е причината и како таа се развива, како завршува, тогаш можеме да дознаеме што во суштина е болеста. Што гледаме денес?
Постојат повеќе од 70.000 болести. Медицината очајнички се бори со болестите, а постојат се повеќе. А достигнувања во медицината се повеќе се влошуваат. Во применетиот аспект, постојат некои брилијантни постигнувања, а бројот на сериозни болести на планетата рапидно се зголемува. Може како причина за тоа да се каже дека е екологијата, можеби стресот, лошата исхрана, за да се смири населението, но дали е навистина така?
Постои една сериозна причина зошто медицината денес неможе да се справи со болеста. Знаете ли која е таа? На медицината не и е потребно лечење на болеста. Медицината не сака да се ослободи од болеста. Што повеќе човекот боледува толку повеќе има платени услуги. Затоа бројот на лекарите расте, можноста за површно лечење расте, а резултатите се се полоши.
Ако би ги разгледале главните болест, ако се обидеме да разбереме што тие имаат заедничко, ако се најде главната причина, тогаш докторите не би биле потребни, ќе останат неколку, како и неколку методи за сите болести. Ова значи загуба на пари и работни места.
Во современиот пазар една од најважните идеи, идеологија на слободниот пазар се слободните работни  позиции. Што повеќе работни места, повеќе пари, повеќе купување и продавање, што значи дека државата ќе цвета. Исто како што БДП е еден од главните столбови на државата. Што повеќе им се пружаат услуги на населението, БДП расте. Ако половина од државата е болна, ќе биде обезбеден третман на лечење и БДП ќе се зголеми двократно. Одличен показател.

 
Медицината е болна, не може да лечи
Значи, медицина обезбедува платежни услуги, од внатре. Потсвесно таа не е заинтересирана за  лекување на човекот, лекарот е индиферентен потсвесно, не е заинтересиран за излекување на човекот, лекарот е заинтересиран за лечење.
Затоа, обезбедувањето на услугите растат, разновидноста се зголемува, цените растат, се појавуваат нови лекови, а болестите се се потешки. Ако човекот не сака нешто, тоа нема да го зреме и нема да го користи. Тоа е причината зошто денес се повеќе и повеќе луѓе се вртат кон алтернативни начини на лекување.
Јас неодамна разговарав со една жена, таа зборувала со лекар во Германија, многу интересни работи ми раскажа. Медицината е болна. Затоа и е тешко да го лекува човекот. Медицината не знае што е човекот не знае што е болеста. Медицината не ги разбира  причините за разболувањето. Површно – да. Навистина – не.
Медицина не е само болна. Што најчесто се случува кога човекот е болен? Тој умира. Медицината во одредени аспекти почнува да умира. Како сето тоа влијае? Може сте забележале дека во последно време, особено во странство, докторите престанаа да лекуваат. Одите на лекар затоа што имате проблем, на пример во Шпанија, Германија … Во Израел, отидов во аптека да купам антибиотици. Дојдов во аптека и прашав:
– Може ли да купам антибиотици?
– Не може, само на рецепт..
Приемот кај лекар, кој ќе ви ги препише истите антибиотици е околу $ 100. Во европските земји, човекот кој доаѓа на лекар не му пропишуваат лек, туку  коњски дози на антибиотици. Површиниот ефект е добар, а што се случува понатаму, тоа е друго прашање.
Лекарот гледа во компјутер, ако имате било какви знаци на болест, и  во компјутерот тој наоѓа шема на лекување. Ако отстапи од оваа шема, ќе има проблеми. Тоа е причината зошто лекарот не лечи. Тој го препишува  она за што нема да го обвинат.
Во Русија, сега таа тенденција оди релативно брзо, знаете. 10 – 15% од лекарите добиваат за препишани лекови, пари од фармацевтските компании. Затоа препишува скапи лекови кои не се секогаш ефикасни…
 Вториол дел од текстот прочитајте го на следниот ЛИНКСергеј Николаевиќ Лазарев, филозоф, психолог и руски научник кариерата ја започна со мешање во разни алтернативни начини за лекување на човекот. То

loading...
Loading...