Лековитите својства на капината

Капините се многу вкусно бобичасто овошје кое расте во грмушки полни со трња, а распространети се низ целата планета.Растат од едно до 3 метри.Важат за овошје со најмногу диетални влакна.Можат да се јадат свежи, замрзнати или во компот а од нив се прават и вкусни џемови, сокови, слатка па дури и вино.Богати се со витамини, минерали и влакна, високи антиоксиданси и минерали.Сиромашни се со калории, јаглени хидрати и масти што ги прави едни од најздравите овошја пожелни во секоја диета.
Еден филџан капини дневно ја содржи препорачаната доза на витамин Ц кој го подобрува имунитетот.Антоцијанинот кој им дава црна боја е антиоксидант кој спречува воспаленија на организмот, има моќ да ги уништува слободните радикали кои ги оштетуваат ќелиите на организмот и предизвикуваат рак.
Капините содржат и фенолна киселина која важи за моќен предканцероген агенс.Со тоа капините се ставаат во првите места на листата на овошја кои помагаат во борба против рак.
Кознумирањето на капините помага и во заштита на кожата од ултравиолетовото зрачење.Елагинската киселина која ја содржат помага во зараснување на рани направени од сонцето.
Покрај сето ова капините се одлични за видот, здравјето на жените како и за срцето.Одлични се и за дигестивниот систем бидејќи содржат 30 проценти од дневно препорачаната доза на влакна , па се препорачуваат и на дијабетичари.Соджат и витамин К нудејќи 36 % од препорачаната доза на овој витамин која телото ја користи за згрутчување на крвта и за помош на апсорпција на калциум. 
Повеќе на najadise.mkМожат да се јадат свежи, замрзнати или во компот а од нив се прават и вкусни џемови, сокови, слатка па дури и вино.Бог

Пронајдете не на следниве мрежи: