ЛЕСЕН РУЧЕК: Лазањи со шунка и кашкавал

Веќе имавте можност да го видите рецептот за лазањи од северот на Италија со мелено месо (прочитајте ТУКА), како и рецептот за неодоливата пита од лазањи (на следниот ЛИНК), сега ви носиме нешто поинакво но не и помалку вкусно.Состојки:
500 гр кори за лазањи
300 гр кашкавал
300 гр шунка, свинска или може да користите и сув свински врат
2 лажици брашно
500 мл млеко
200 мл вода
1 лажица сув зачин
50-100 мл масло
Подготовка:
Најпрво го правиме сосот.
Го загревате маслото, додадете брашно и мешајте додека не пожолти. Потоа додадете млеко и вода па на крајот додадете го сувиот зачин.
Мешајте додека не проврие.
Треба да биде со густина на јогурт, ако е малку поретко не му е ништо, ќе испари додека се пече.
Поделете ги корите на 4 еднакви дела или како можете да ги вклопите во вашата тепсија. Па потоа поделете ја шунката на 3 дела, бидејќи за најгоре не треба.
Во огноотпорен сад ставете го првиот ред кори за лазањи па прелијте со малку сос и наредете шунка. Преку неа додадете го ренданиот кашкавал.
Повторувајте го ова се додека имате кори. На последнaта нe ставајте шунка туку само рендан кашкавал и сос.
Ставете ја во рерна 60 минути да се пече, или се додека кашкавалот не добие златна боја.
Печените лазањи извадете ги да се ладат 10 минути, па потоа послужете . Состојки:
500 гр кори за лазањи
300 гр кашкавал
300 гр шунка, свинска или може да користите и сув свински

Пронајдете не на следниве мрежи: