ЛЕСНО, А ВКУСНО: Филети ослич во сос со копар

Едно лесно а вкусно јадење. Ова јадење може да биде и посно, ако наместо млеко додадете вода. Состојки:
5-6 филети ослич
сол, бибер
масло
За сос:
400 мл млеко (доколку сакате да биде посно, наместо млеко ставете вода)
1 лажица маргарин
2 лажици брашно
1 – 2 лажици копар
сол и бибер
Подготовка:
Одмрзнете ги филетите па посолете ги и ставете бибер. Оставете да отстојат 10-тина минути па загрејте го маслото во тефлонска тава и секое парче испржете го од двете страни по 6-7 минути. Во друг сад ставете маегарин, па кога ќе се стопи додадете брашно и копар па пропржете. Ставете млеко и мешајте малку да се згусне и нека проврие неколку минути. Додајте сол и бибер и сосот е готов. Послужете ги филетите ослич прелиени со овој сос и компир.
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје, здрава храна и здрав начин на живот, диети, животни искуства и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, или на фан страната на Фејсбук.Состојки:
5-6 филети ослич
сол, бибер
масло
За сос:
400 мл млеко (доколку сакате да биде п

Пронајдете не на следниве мрежи: