Левата страна од лицето се наследува од таткото, а десната од мајката: Што изгледот открива за вашиот карактер!

Во древна Кина и Јапонија физиогномијата била многу раширена. Намбоки Мизуно е најголем јапонски физиогном- дијагностичар кој ги набљудувал цртите на лицето и по нив можел да го одгатне карактерот на луѓето, нивните добри и лоши страни, како и нивната преодреденост. Повеќе пати ви се случило додека гледате во нечие лице да почувствувате пријатност или одбивност. Сте сретнале и личност која на прв поглед ви била симпатична или пак одбивна а причините за тоа не можете да ги објасните. Некои експерти решение наоѓаат во физиогномијата…
Со стареењето, слабеењето, здебелувањето па дури и со пластичните операции нашата физиономија постојано се менува, а така често се менува и нашиот карактер. Тоа е логично, затоа што ако личноста се смета за неатрактивна слабее или променува нешто на себе а со тоа го менува и својот став.
Но експертите велат дека и може да се случи со измените на лицето да се прочита и нешто сосема спротивно од правиот карактер.
Техниката на читање на лицето може да ни помогне  и во работата. За успешен деловен разговор иделно е да ја користите техниката која подразбире копирање на изразот на лицето и гестовите на другите луѓе секако со секунда закаснување но секако не премногу очигледно. Лажењето е најлесно да се открие бидејќи личноста која не ја кажува вистината често избегнува директен поглед, нервозно поткашлува, често ја држи раката преку уста, гризе усни, тапка со ногата, и го намалува гласот полека.
Во древна Кина и Јапонија физиогномијата била многу раширена. Намбоки Мизуно е најголем јапонски физиогном- дијагностичар кој ги набљудувал цртите на лицето и по нив можел да го одгатне карактерот на луѓето, нивните добри и лоши страни, како и нивната преодреденост.
За што точно се работи? Нашите тела, па така и лицето се асиметрични. Експертите пак велат дека левата страна е наследена од таткото, а десната од мајката.

 
Кога се проучува и чита од лицето, нашата личност се крие во оној дел кој е најизразен и најразвиен а тоа се челото и увото. Челото и увото имаат три зони, а набљудувањето е од профил. Горната зона на челото е интелектот, па личностите чии врв на челото е изразен се интелектуални, додека оние кои имаат изразен долен дел од челото кај веѓите сакаат да уживаат во животот. Средниот дел се емоциите, а средниот дел на увото изразува вештина и способност за комуникација, велат експеритите.
Што се однесува до обликот на лицето, постојат четири типа: облик триаголник, превртен триаголник, превртен триаголник, коцка, облик на јајце.
Секој од нив има свои особини, па според теориите оние со триаголник лице го ценат директниот пристап во комуникацијата. Не сакаат заобиколување, ниту нејаснотии и сакаат искреност која за разлика од некои други типови. Нејаснотиите во комуникацијата доведуваат до конфликт, затоа што кога не испраќаме јасни пораки соговорникот може погрешно да протолкува.
Од друга страна личностите со облик јајце практикуваат слушање, односно се соговорници кои заинтересирано ги слушаат туѓите проблеми, но не знаат да ги решат.
Очите се исто така огледало на душата, затоа што многу зборуваат за личноста.
Личностите со ситни очи сакаат директен начин на комуникација, искрени се и отворени, брзо преминуваат од тема на тема не губејќи се притоа во разговорот.
Личностите со крупни очи уживаат во опуштените разговори, стабилни се и сакаат да разговараат за различни теми, креативни се но често ги минуваат границите меѓу релното и измисленото.
Личностите со полни усни се свртени кон уживање, склони се кон заведување и се многу сензуални. Повеќе пати ви се случило додека гледате во нечие лице да почувствувате пријатност или одбивност. Сте сретнале и личност која на прв поглед ви била

Пронајдете не на следниве мрежи: