ЛИСТА НА НАЈМОЌНИ ПАСОШИ: САД повеќе не е на прво место! Каде сме ние?

Кога станува збор за преминување на меѓународните граници, постои еден документ кој отвора повеќе врати. И не, тоа не е пасошот на САД.Имено, германските државјани имаат можност да влезат во 177 од 218 држави без виза, судејќи според истражувањето на 2016 Visa Restrictions Index.
Оваа година се покажа дека најголемите светски сили не доминираат во ова подрачје. Америка, која беше прва во 2014 и 2015 година, падна на четвртото место.
Второто место, веднаш зад Германија, е Шведска, чии граѓани имаат слободен премин во 176 земји. Финска, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија се на врвот уште од 2013 година и сега го делат третото место, што покажува дека државјаните на Северна и Западна Европа се најпривилегирани.
Јапонија и Јужна Кореја минатата година беа меѓу првите три позиции, но годинава паднаа на петто, односно шесто место. Белгија, Данска и Холандија го делат четвртото место заедно со САД.
Русија го зазеде четириесет и осмото место, а Кина осумдесет и седмото место.
Меѓу „најлошите“, односно најслабите пасоши се авганистанскиот, пакистанскиот, ирачкиот, сомалискиот и сирискиот.
Каде сме ние?
Пасошот на Македонија се наоѓа на четириесет и петтото место, на Србија е на четириесет и третото место, Словенија е на дванаесто место, а потоа следи Хрватска чиј пасош се стационираше на дваесет и четвртата позиција. На Црна Гора се наоѓа на четириесет и седмото место, а на БиХ на педесет и второто место.Имено, германските државјани имаат можност да влезат во 177 од 218 држави без виза, судејќи според истражувањето на 2016 Visa Restrictions

Пронајдете не на следниве мрежи: