Листа на насилни инциденти во кои напаѓачите се Албанци, а жртвите Македонци

Од денес ќе отворам нова тема која или ќе ја апдејтувам на постојниот топик или ќе отварам нови блог постови со цел да ја претставам ситуацијата која повеќето медиуми одбегнуваат јавно да ја споделат. А тоа е трендот на насилство и навреди од страна на албанците врз Македонците. Македонците се жртви во сопствената држава, во Македонија постојат места каде што не смееш да зборуваш македонски!ПРЕД СИТЕ ДРУГИ ИНЦИДЕНТИ ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА НАЈГРОЗОМОРНИОТ ЧИН, УБИСТВОТО НА 5 МЛАДИ ЛУЃЕ НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО НА 12 АПРИЛ 2012 ОД СТРАНА НА НЕКОЛКУМИНА АЛБАНЦИ. УБИСТВО ПРЕДИЗВИКАНО ОД ОМРАЗА КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и ДРЖАВА. ОВА БЕШЕ СВОЕВИДНА КУЛМИНАЦИЈА НА НАСИЛСТВОТО КОЕ СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО ТОЈ ПЕРИОД А ПРОДОЛЖУВА ДО ДЕНЕШЕН ДЕН!Обвинетите во „Монструм“ барале да убијат Македонци***16 октомври 2006Стотина ученици Албанци демолирале автобус и малтретирале патнициСтотина ученици од Средното училиште “Михајло Пупин”, сите од албанска националност, вчера претпладне дивееле во автобусот на ЈСП број 55 што сообраќал на релацијата од Скопје до Арачиново. Тие на постојката на улицата “Благоја Стефковски”, непосредно пред училиштето, со стапови, метални прачки, синџири и камења кршеле инвентар во автобусот, а ги малтретирале и патниците во него. Од насилничкото однесување на големата група разулавени средношколци – Албанци, најмногу настрадала една жена, како што н? известија од полицијата, професорка во училиштето ?Михајло Пупин”.Групата потоа се симнала и се упатила кон училиштето со намера и таму да предизвикаат инцидент.
На местото на настанот, по петнаесетина минути, освен искршените стакла, како трага на насилството, немаше ништо друго. Дознавме дека искршениот автобус полицијата го однела во гаражите на ЈСП, каде што околу 15 часот требало, покрај надлежните органи, увид да изврши и екипа на ОБСЕ.
Причините за вандалското однесување на учениците од ?Михајло Пупин” засега не се познати. Идентитетот на учесниците вчера не беше познат..
***
16 октомври 2006
Полицијата го потврди овој инцидент, но и уште четири други од истиот ден. Според нив, на 24 октомври околу 11 часот, на булеварот “Крсте Мисирков”, на еден од паркинзите кај Универзитетскиот кампус, околу 10 Албанци физички го нападнале дваесет и едногодишниот З.Ј. од Скопје, при што му нанеле повреди на главата и телото. Истиот ден, околу 14,30 часот, на булеварот “Никола Карев”, во автобусот на ЈСП со број “65”, 20-ина Албанци се качиле во автобусот, ги прашувале патниците како се викаат, по што физички го нападнале седуманесетгодишниот ученик од ЕМУЦ В.И., при што му нанеле повреди по главата и телото. Во исто време, во автобус на ЈСП, што сообраќа на релација Хиподром – Државна болница, поголема група ученици-Албанци од АСУЦ и од ЕМУЦ се качиле во автобусот и со тврди предмети го нападнале дваесет и едногодишниот А.Д., при што му нанеле повреди по телото. МВР известува и дека околу 18,45 часот, на автобуската постојка во населбата Нерези во Скопје, околу 10 Албанци во автобус на ЈСП што сообраќа на релација Скопје – Сарај, му се обратиле на шеснаесетгодишниот М.Б. на албански јазик. Откако тој не ги разбрал, Албанците го нападнале физички, нанесувајќи му повреди на главата и телото. 
20 февруари 2008
Средношколци – Македонци претепани од соученици – Албанци
Ки;ево – Мирниот протест на средношколците од Кичево прексиноќа заврши со палење на македонското знаме на градскиот плоштад и со претепување неколкумина средношколци – Македонци, кои застанале во одбрана на знамето од нивните соученици – Албанци. Македонското знаме беше запалено откако беше оттргнато од рацете на учениците – Македонци околу 20 часот на протестот што се одржуваше за поддршка за зачувување на уставното име на Република Македонија. Директорот на гимназијата „Мирко Милески“, Вукашин Тодоровски, поради инцидентот, побарал засилено полициско присуство во училиштето. Од полицијата дознаваме дека случајот ќе се третира како инцидент и дека нема да се води понатамошна постапка во врска со палењето на знамето.
***
26 ноември 2008
Имено,на 04.09.2008 год. околу 13,50 часот на ул.„Алија Авдовиќ“бб пред влезот на колонијалната продавица „Баже Комерц“,сопственост на лицето Б.Ј., машки малолетни лица од албанска националност фрлале со камења кон продавницата. Од страна на Б.Ј. и неговиот син А.Ј., лицата усно биле опоменати по што истите си заминале. Околу 14.00 часот пред продавницата пристигнало лицето М.С. кој со себе носел стап и по куса вербална расправија со Б.Ј. со стапот му задал неколку удари во пределот на рацете и телото, а потоа помеѓу двајцата избила тепачка во која си размениле неколку удари со тупаници и клоци по целото тело. Околу 14.20 часот М.К. дошол пред спомнатиот колонијал кој бил затворен, а внатре се наоѓале Б.Ј., А.Ј. и С.Ј., извадил пиштол и од него низ стаклото од влезната врата во правец кон А.Ј. испукал два проектили при што со еден проектил го погодил и му нанел прострелна рана во пределот на левата плешка. Со намера да го спречат да продолжи да пука С.Ј. и Б.Ј. се упатиле према М.К. да му го земат пиштолот но во тој момент пријавениот испукал уште еден проектил кон Б.Ј. и му нанел прострелна рана во пределот на стомакот по што М.К. со огненото оружје побегнал. По пријавувањето на настанот на лице место излегоа Дежурен Истражен Судија, Јавен Обвинител и ОКТ при СВР Скопје кои извршија увид и од лице место подигнаа: три чаури, два фрагменти од испукани проектили, траги слични на крв,еден пар гумени опинци и една кошула од лицето С.Ј.. Од Б.Ј. и А.Ј. беа земени комплети крв, облека, обувки и фолии за барутен тест. Од страна на СВР Скопје извршени се службени разговори со лицата Б.Ј. и А.Ј. и со истите беше направено препознавање на лица по фотографии.
***
24 јануари 2009
ВРЕМЕ: Учениците Македонци ја бојкотираат наставата
24.01.2009 – 12:43:14
Средношколците Македонци од струшкото училиште „Нико Нестор“ ја бојкотираат наставата по завчерашната тепачка во која брутално беа претепани петмина нивни соученици. Родителите на средношколците стравуваат од нови меѓуетнички немири затоа што по извесно време ученици Македонци повторно се нападната од нивните соученици Албанци. Раководството на училиштето најавува строги санкции за тие што ја предизвикале тепачката, но, како што велат, прво ќе го почекаат исходот од увидот на Министерството за внатрешни работи. Родителите, пак, на претепаните средношколци се заканија дека ќе ги отпишат децата од училиште затоа што и по неколку години се уште не е најдено трајно решение за постојаните меѓуетнички проблеми. – Зошто се уште не е испочитуван ланскиот договор со министерот за образование за воведување чисто етнички смени. Се гледа дека вака веќе не може – реагира еден родител кој сериозно размислува своето дете да го префрли во друго училиште. Петмина средношколци од струшкото Средно училиште „Нико Нестор“ завчера, додека траел големиот одмор, брутално биле истепани од 40-члена група нивни соученици. Од нападнатите, тројца завршиле в болница со тешки телесни повреди, додека другите двајца поминале со гребаници и со модринки. Од МВР тврдеа дека тепачката почнала без посебна причина. – Засега, имаме еден осомничен, а, според досегашните сознанија, ситни караници и детско недоразбирање се причина за оваа тепачка – рече по инцидентот Борче Пешевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.
https://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=48600&kategorija=7
***
2 февруари 2010
Повторно нападнат Македонец во тетовската гимназија
Учениците Македонци од тетовската гимназија го продолжија бојкотот на настава, откако денес уште еден од нив беше истепан пред да влезе во училишниот двор.
Гимназијалците нема да одат на часови иако на денешниот состанок со раководството на училиштето било договорено дека ќе бидат превземени конкретни мерки.https://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/povtorno-napadnat-makedonec-vo-tetovskata-gimnazija***23 март 2010Тинејџер претепан во автобус
Тинејџер бил претепан од група средношколци завчеравечер во автобус на ЈСП во населбата Чаир, соопшти МВР. Инцидентот се случил околу 23 часот на улицата Цветан Димов, во автобусот број „57“.
Шестмина средношколци му се нафрлиле на К.Н.(18), удирајќи го со тупаници и со клоци. Возачот го сопрел автобусот, по што насилниците избегале, но набрзо биле уапсени. #***7 мај 2010Раскрвавени глави на осмооделенци во меѓуетничка тепачкаВо училиштето „Вук Караџиќ“ го потврдија инцидентот но допрва ќе го решаваат проблемот.Очевидците зад камерата на Канал 5 тврдат дека четворица осмоодделенци Албанци без причина нападнале со тупаници 14 годишно момче пред влезот на „Вук Караџиќ“. Присутните во училишниот двор притрчале да го одбранат соученикот, но во тој момент напаѓачите возвратиле со камења. Додека траела бркотницата се слушнале и истрели од пиштол. Во училиштето „Вук Караџиќ“ го потврдија инцидентот но допрва ќе го решаваат проблемот.***20 октомври 2010Полицијата ги претресува автобусите во потрага по насилните средношколциТројца малолетници се фатени со ладно оружје во акцијата на полицајците и специјалната единици “Алфа“ на подрачјето на скопската Автокоманда по инцидентот во автобус на ЈСП при што едно момче беше расечено со нож.
Полицијата вчера попладне ги привела Х.И. (16) кој со себе носел нож, Ф.Ф. (15) поради носење метален боксирач и Д.Т. (16) кој во ранецот носел метална шипка. Сите тројца се ученици во средните училишта од тоа подрачје, велат од Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случи вчера во автобусот број 50 додека стоел на автобуската станица во Авткоманда дошло до масовна тепачка меѓу средношколци до македонска и албанска националност.***3 Март 2011Скопски средношколец прободен со нож од соученик
Инцидентот се случил околу 13 часот на улицата пред училиштето за време на меѓусмена. Група од тројца-четворица ученици од четврта година од македонска националност оделе на настава кон училиштето. Тие биле пресретнати од поголема група ученици од албанска националност, од скопските села Моране и Студеничани, од пониските класови.
Тогаш еден од поголемата група му пришол на С.Ф. и го прашал „што ме гледаш така“, а потоа извадил нож од џебот и го пробол во ногата. ***17 март 2011Жителите на Љубанци бараат полициска заштитаЖители на скопското село Љубанци и сопствениците на викендички во селото вчера одржале средба со градоначалникот на Општината Бутел, Петре Латиновски, и побарале поголема безбедност поради зачестените подметнати пожари и грабежи во куќите. Таму во понеделникот во подметнат пожар изгоре викендичката на Владимир Зафировски, откако една недела претходно била запалена куќа на Македонец во село Бродец, а пред три недели намерно била опожарена уште една викенд-куќа во Љубанци. На средбата, на која присуствувал и командирот на полициската станица Бутел, жителите на Љуботен побарале да се сретнат со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. Тие се револтирани од надлежните институции бидејќи, според нив, тие ги кријат последните случувања во селото, па јавноста не е запознаена дека на Македонците им се палат куќите на Скопска Црна Гора.
Извор: ednimakedonciПРЕД СИТЕ ДРУГИ ИНЦИДЕНТИ ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА НАЈГРОЗОМОРНИОТ ЧИН, УБИСТВОТО НА 5 МЛАДИ ЛУЃЕ НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО НА 12 АПРИЛ 2012 ОД СТРАНА НА НЕКОЛ

Пронајдете не на следниве мрежи: