Ако до пред една деценија, барем во МК, њу ејџ/квази-хипи фразеологија беше ограничена на затворени кругови, денес се користи насекаде…од Хелена Роза (квантна психологија), преку маркетинг кампањи, политички говори, сертифицирани психолози и психијатри до секој втор банален кафе-муабет.„Се’ што треба е љубов“, “Мисли позитивно“, “Животот е онаков каков што сакаш да биде“,“Игнорирај негативности“ ,“Доволно е да посакаш“…епа не е.Ваквите “мантрања“ не само што ја банализираат љубовта, сочувството, свесноста, туку и штетат. Создаваат игнорантни и самозадоволни луѓе кои својот нарцизам и неподготвеност да излезат од својата комфорна зона го продаваат како “позитивна енергија“. Манипулирајќи со физика, медицина, психологија и спиритуалност креираат општество на Телетабиси кои си ставаат розеви очила и се подготвени да игнорираат болка и страдање на ближниот затоа што нели “се штитат од негативности“ и фураат “позитива“.Уште веруваат дека така делуваат добро и на околината и шират љубов. А, всушност не сакаат да помрднат со прст за било кој и си битисуваат така во својот меур од сапуница. Сите големи луѓе како Мартин Лутер Кинг и Мајка Тереза говореле за љубов. Но не го ингнорирале нејзниот опозит кој е присутен во секој ќош, туку делувале со свесност за истиот. Нивните животни патишта се приказни на крварење во арената, а не зашеметено танцување низ животот.Наречете ме циник, ама нема да го купам сиот зашеќер џанк фуд кој го продаваат како позитивни емоции и делување.Затоа што можеби никој не знае што е љубов, ама може да почнеме со дефинирање на она што сигурно не е.За крај, цитат од Lawrence M. Krauss, професор по физика:„For the record, quantum mechanics does not deny the existence of objective reality. Nor does it imply that mere thoughts can change external events. Effect still require causes, so if you want to change the Universe, you need to act on it.”
Напишано од Инес Ефремова на Фејсбук, а ние го преземвме со нејзина дозвола, затоа што ни се допаѓаше и затоа што така сакавме.Ако до пред една деценија, барем во МК, њу ејџ/квази-хипи фразеологија беше ограничена на затворени кругови, денес се користи насекаде…од Х