Љубовен хороскоп за октомври!

Вашиот љубовен хороскоп!Овен
Пред вас е авантуристички месец со многу предизвици. Ако отпатувате може да доживеете авантура на патувањето. Во октомври ќе имате впечаток дека љубовта ви е далеку. Ќе бидете склони да фантазирате за личност која не е од вашиот град.
Бик
Овој месец ќе имате решение за некој емотивен однос. И понатаму ќе се среќавате со личноста од вашето минато. Исто така ќе размислувате дали повторно да се смирите со неа. Од 10 октомври ќе бидете либерални во љубовта, па ќе може да започнете врска со личност која ви е само физички привлечна.
Близнаци
Ќе бидете многу харизматични, но, во овој период ќе ви треба многу повеќе од обичен флерт, за нешто емотивно да ве подигне. Не треба да дозволите деловната ситуација да влијае на вашиот емотивен однос. Некои од вас ќе се решат да започнат врска со личност која им е драга.

 
Рак
Според вас сега е одличен период  да започнете заеднички живот со партнерот. Од средината на месецот ќе имате расправии со вашиот партнер. Сето тоа ќе биде предизвикано од лошата комуникација која ја имате. Не заборавајте дека ова е ваша година.
Лав
До средината на месецот ќе имате многу конфликти и недоразбирања со личностите од спротивен пол. Меѓутоа веќе од 10 октомври ве очекуваат интересни познанства, па очекувајте нови личности во вашиот живот. Многу од вас ќе се заљубат непланирано. До средината на месецот не бидете престроги кон вашиот партнер.
Девица
Ќе сакате да ги убедите сите во вашите ставови, но, на вашиот партнер нема да му се допадне тоа. До средината на месецот ќе бидете многу драматични со своите изјави и на тој начин ќе повредите некои личности кои ви се важни. Ќе ги обновите контактите со личност од вашето минато.

 
Вага
Романтични пораки,  писма и комуникација преку интернет ќе го обележат месец октомври на љубовен план. Кризата која ќе ја чувствувате ќе помине до средина на месецот. Стрелецот ќе ви биде многу интересна личност за комуникација.
Шкорпија
Првите денови од месецот треба да бидете толерантни кон партнерот ако сакате односот да ви опстане. Другиот дел од месецот укажува дека ќе имате многу голема поддршка од саканата личност. Овој месец ќе бидете чувствителни и ранливи, па, партнерот често може да  нема разбирање за состојбата низ која поминувате.

 
Стрелец
Овој месец ве очекува многу флерт но и заљубување. Октомври ќе ви донесе нова љубов доколку сте слободни. Стрелците кои се во врска ќе откријат некои тајни кои не им одговараат. Жените родени во знакот на Стрелец не треба да се впуштат во врска со мажи кои не се слободни.
Јарец
Многу припадници на вашиот знак не се подготвени за врска туку за пријателство. Можеби тоа е и најдобриот начин за да започнете нешто ново. Шкорпиите ќе ви бидат многу привлечни, а за Стрелците ќе фантазирате.
Водолија
Многу припадници од вашиот знак ќе се оладат и ќе сакаат да бидат слободни. Ќе почувствувате емотивна приврзаност со личност која ви е пријател. Ќе бидете во дилема дали станува збор за пријателство или љубов.
Риби
Уште на почетокот на неделата ве очекува врска со еден романтичен Рак. Ќе имате строги критериуми и воопшто нема да забележите кои се обидува да ве фасцинира. Мажите Риби ќе запознаат личност преку работи.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: