Локацијата на ова дрво се држи во тајност. Еве зошто е тоа така!

Метузалем е примерок на долговечен бор (Pinus longaeva), кој расте само во Белите планини во источна Калифорнија, во САД. А причината поради која се крие од јавноста е едноставна – тоа е старо скоро колку човечката цивилизација и има 4.846 години!Неговата старост е точно утврдена: има 4.846 години и долго време важи за најстарото неклонско дрво и жив организам на светот воопшто, сѐ додека во 2013 година во истата област не бил откриен постар бор кој има 5.064 години.
Боровите од овој род растат на надморска висина помеѓу 2.900 и 3.000 метри, во тн. Оаза на Метузалеми, во Националниот парк Инио. Тие успешно ги поднесуваат суровите ладни ветрови и ледени суши, а дождот врне на нив скоро секои триесет години, поради што од снегот се снабдуваат со течност.
Тие растат многу споро, а стеблата им се полни со јазли и многу тврди. Тешко се палат, а смолата ги штити од гниење, поради што и мртвите стебла остануваат да бдеат на своето место и по неколку стотини години. Рекордерот меѓу овие дрва е едно стебло кое е старо 8.000 години.
Нивната заштита е приоритет на надлежните американски служби.
Точната локација на Метузалемот не ѝ е позната на јавноста, односно се крие од страна на експертите и вработените во паркот за да се заштити од вандализам.
Имено, некои од нив во 1964 година го исекле Прометеј, кој бил најстариот организам во светот и тоа за научно истражување!
Најстарото познато живо клонско дрво е Старата Тјико, која е четири метри висока, тенка и осамена норвешка смрека која е најстарото дрво во Шведска. Таа е откриена во 2004 година и има неверојатни 9.550 години. Зборот „клонско“ се однесува на вегетативната асексуална репродукција преку која новите организми настануваат без производство на семе и спори и се одвива по природен пат.
Неговата старост е точно утврдена: има 4.846 години и долго време важи за најстарото неклонско дрво и жив организам на светот воопшто, сѐ додека во

Пронајдете не на следниве мрежи: