Доминантите видови коишто се распространети во светот, подеднакво се ранливи при масовно изумирање, како и послабите видови кои се ограничени на едно подрачје, се наведува во една студија, пренесува АФП.Додека Земјата влегува во шестото концентрирано уништување на животот во последните пола милијарда години, ова би можела да биде лоша вест за луѓето, тврдат експертите.
Последното големо чистење се случи пред 66 милиони години, кога џиновски астероид за кратко време ја заврши ерата на диносаурусите по спектакуларното 150 милионско долго постоење.
За споредба, луѓето се на планетата околу една стотина од тоа времетраење. Надвор од рамките на моментите на „планетарната побуна“, од која досега се исчезнати меѓу 50-95% од животните облици, видовите имаат тенденција да исчезнат.
Пет најголеми закани за човештвото
Во текот на претходните пет големи изумирања, стапката се зголеми за најмалку 100 пати. Ние сме тука денес.
„Стапките на изумирање меѓу современите животински групи се високи, ако не и повисоки од времето коешто е забележано во фосилните записи за време на ерата на масовното изумирање“ – објаснил проф. Александер Данхил од Универзитетот во Лидс, кој е главен автор на студијата.
Дел од масовните изумирања биле поврзани со климатските промени, кои биле поттикнати со некои катаклизмични настани.
Вознемирувачки паралели
Данхил вели дека организмите не се во можност доволно брзо да се прилагодат кон промената на условите и поради тоа изумираат. Проучувајќи ги фосилите што останале од масовните изумирања, од кои 80% видови престанале да постојат, Данхил и неговиот колега Метју Вилис, се запрашале дали географски најраспространетите видови поминале подобро. Одговорот е – не.
Дали истото правило ќе се однесува и на денешните видови, вклучувајќи го и човештвото? Данхил вели дека постојат вознемирувачки паралели. Излевањето на вулканите пред 200 милиони години исфрли огромна количина на јаглерод диоксид и други гасови во атмосферата, што предизвика брзо и смртоносно глобално загревање. Данхил вели дека активностите на луѓето ги создаваат истите услови.
Исто така, разорувањето на природните живеалишта и општата експлоатација на природната околина од страна на човекот, се главна движечка сила на денешното изумирање.
Луѓето можеби се поснаодливи и поотпорни суштества од било кои други коишто досега живееле на планетата. Но, поголем дел од светската популација сѐ уште многу силно зависи од природниот свет – храната, водата и енергијата. Масивните брзи преврати во природната околина, секако дека ќе влијаат врз луѓето во негативна смисла.Додека Земјата влегува во шестото концентрирано уништување на животот во последните пола милијарда години, ова би можела да биде лоша вест за луѓет