ЛУД РИТУАЛ во едно племе за обележување на ЗРЕЛОСТА!

Најубавата девојка – најголема  чинија. Кај племето Сури, што чинијата во долната усна на девојката е поголема – таа девојка е поубава и повеќе вреди. Она што на некои ќе им се чини како необичен па дури и бизарен обичај во племето Сури во Етиопија е нешто сосема вообичаено.
Кога девојките од племето се на прагот на зрелоста, ритуално им се вадат два заба на долната вилица со цел да се направи мала дупка во долната усна. Потоа таму се вметнува глинен диск  и усната со текот на времето се зголемува и се истегнува, па се става се поголем диск.
Непишано правило е – колку поголема чинија на усната, толку една девојка е поубава и повредна. Кога ќе дојде времето за брак, таткото на девојката може да побара од семејството на нејзиниот иден сопруг подароци во зависност од големината на глинениот диск. Во просек, за девојка со мал диск во долната усна се плаќаат 40 крави, додека за оние со голем диск, семејства можат да добијат и до 60 крави.

 

Мажите, пак од друга страна, учествуваат во многу помалку болен ритуал: сликање на телото.
Бојата за тој ритуал се прави од билки и растенија, кои потоа се мешаат со земја, која потоа се нанесува на телото, и со гребење се прават шарки.

Во текот на изминатите неколку години имало случаи некои млади жени одбиваат да се согласат со овој необичен ритуал, и го одбиваат целосно.Кај племето Сури, што чинијата во долната усна на девојката е поголема – таа девојка е поубава и повеќе вреди. Она што на некои ќе им се чини како

Пронајдете не на следниве мрежи: