Помалиот волумен во предниот дел од мозокот виновен за несоницата.Истражувањето спроведено меѓу ветераните учесници во Заливската војна покажало дека луѓето кои имаат проблем со спиењето имаат и помал волумен во предниот дел од мозокот од оние кои не страдаат од таков проблем.
-Луѓето ја занемаруваат важноста на сонот и многу други работи се чинат поважни од неколку дополнителни сати сон во текот на ноќта-вели истражувачот Линда Чао.
Таа додава дека резултатите од истражувањето сугерирале дека не би требало да се занемари важноста на спиењето.
За потребите на истражувањето научниците со магнетна резонанца им снимиле мозоците на 144 ветерани, во болничкиот центар во Сан Франциско. Притоа утврдиле дека луѓето кои имале лош квалитет на сонот имале помалку сиви маси во предниот, фронталниот дел на мозокот. Претходните истражувањата, пореметувањата во сонот ги поврзувале со промена во структурата на мозокот, а посебно со количината на сивата маса во предниот дел на мозокот.
-Постојат и и други показатели дека несоницата и други болести се одразуваат заради смалениот волумен на мозокот, што има смисла бидејќи спиењето и расположението се функции на мозокот-вели психијатарот Џон Винкелман од болницата во Бостон.
Воедно, предниот дел на мозокот е битен за функционирање на човечките активности како планирање, организирање, расположение и чувства.Истражувањето спроведено меѓу ветераните учесници во Заливската војна покажало дека луѓето кои имаат проблем со спиењето имаат и помал волумен во п