Луѓето од Меланезија носат ДНК од непознати видови!

Луѓето од Меланезија имаат трага од ДНК која припаѓа на непознати видови, покажува нова возбудлива компјутерска анализа.Научниците велат дека Меланежаните, луѓето од регионот во јужниот Пацифик, имаат ДНК од непознати човечки видови во генетскиот состав.
Рајан Болендер изјави на годишниот состанок на Американската заедница за хумана генетика, дека е голема веројатноста тоа ДНК да не им припаѓа на неадерталците или денисованците, туку на некој трет, непознат „човеков“ роднина.
„Ни недостига популација, или погрешно разбравме нешто за видовите“ – изјави Болендер, статистички генетичар од Универзитетот во Тексас.
Болендер и неговиот тим истражувале проценти на ДНК од изумрени хоминиди кои модерните луѓе и понатаму ги имаат и велат дека нашле несовпаѓања во претходните анализи кои укажуваат дека нашето мешање со неандерталците и денисованците не е целата приказна.
Се смета дека пред 100.000-60.000 години, нашите претци мигрирале од Африка и први воспоставиле контакт со други хоминидни видови коишто живееле во Евроазија.
Овој контакт оставил трага на нашите видови која и денес може да се најде, со Европејци и Азијци коишто носат различни генетски варијанти на ДНК од неандерталци во своите геноми.
Претходно годинава, научниците истражувале одредени генетски варијанти на луѓе со европско потекло наследено од неандерталците и откриле дека се поврзани со неколку здравствени проблеми, вклучувајќи благо зголемен ризик од депресија, срцев удар, како и бројни кожни заболувања.
Посебна студија која е објавена претходно месецов, пронајде доказ дека модерните кондиломи – познати како хуман папилома вирус (ХПВ) – сексуално се пренесени на хомо сапиенсите откако нашите претци спиеле со неандерталци и денисованци откако ја напуштиле Африка.
Користејќи нов компјутерски модел за откривање на количината од ДНК на неандерталци и денисованци кои ги носат модерните луѓе, Болендер и неговиот колега откриле дека Европејците и Кинезите носат слична количина на ДНК од неандерталци: околу 2,8 отсто.
Но, кога стигнале на ДНК од денисованците, нештата биле покомплицирани, посебно кога е во прашање модерната популација којашто живее во Меланезија – регион во јужниот Пацифик кој ја вклучува Вануата, Соломонските Острови, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја, Нова Каледонија, Западна Папуа и Молучките Острови.
Хесман Сај објаснува за Science News:
„Европејците немаат ни тронка денисованско потекло, а луѓето во Кина имаат мало количество – 0,1 отсто според пресметките на Болендер. Но, 2,74 отсто од ДНК на луѓето во Папуа Нова Гвинеја доаѓа од неандерталците.
Болендер проценува дека износот на ДНК од денисованци кај Меланежаните е околу 1,11 отсто, а не 3 до 6 како што процениле други истражувачи.
При истражувањето, Болендер и неговите колеги дошле до заклучок дека трета група хомониди можеби се спарила со претците на Меланежаните.“
-Историјата на човештвото е покомплицирана отколку што мислевме – рече тој.Научниците велат дека Меланежаните, луѓето од регионот во јужниот Пацифик, имаат ДНК од непознати човечки видови во генетскиот состав.
Раја

Пронајдете не на следниве мрежи: