Пропаста на пазарот е резултат на институционализираната измама и финансиска манипулација, тврди Мишел Чошидовски. Тој тврди дека рецесијата ја осмисли група од Вол Стрит, која е предводена од компанијата „Голдмен Сакс“. Оваа теорија ја поддржуваат и економистите.Светската економска криза го погоди светот уште во 2008 година и имаше катастрофални последици за светската економија. САД стоеше над фискалниот амбис, ЕУ беше доведена до работ на сломот, а помалите држави се наоѓаа пред банкрот. Сепак, најмногу страдаа обичните луѓе – милијарда жители ширум светот останаа без работа и имот.
Токму поради тоа што кризата најмногу ги погоди сиромашните, а богатите излегоа уште побогати, многумина веруваат дека потресите на пазарот не биле предизвикани поради глупавост и погрешни одлуки, туку дека тоа всушност е добро осмислен и внимателно изведен проект.
Официјално, економската криза во 2008 година се случи поради „недостаток на идеологијата во слободниот пазар“.
Поранешниот претседател на американските Федерални резерви (1987-2006) Ален Гринспен, изјави пред Конгресот дека е преголемата верба во моќта на саморегулација на слободниот пазар била грешка, бидејќи пазарот на финансиските деривати излезе вон контрола. Како главни виновници за кризата, Гринспен ги обвини луѓето од Вол Стрит.
Но, не се согласуваат сите со оваа изјава.
– Пропастот на финансискиот пазар во 2008-2009 година, беше резултат на институционализирана измама и финансиска манипулација, тврди Мишел Чошидовски, канадски економист и публицист, во книгата „Глобална финансиска криза“. Тој објаснува дека банкарската кауција, доделување на милијарди долари за банките за инвестиција, била организирана според инструкциите на групата од Вол Стрит. Оваа кауција предизвика најголем трансфер на пари во историјата на човештвото.
И додека голем број на економисти ја обвинуваат групата од Вол Стрит за економската криза, има и такви кои се поконкретни. Американскиот новинар Мет Таиби ги обвини „Голдмен Сакс“ дека се одговорни за финансиската криза.
– Прва работа која треба да се знае за оваа компанија е дека ја има насекаде. Најмоќната светска банка за инвестиции е голема вампирска хоботница која е обвиткана околу лицето на човештвото и неуморно го бутка своите пипци во сѐ што мириса на пари, напишал тој.
Тој тврди дека голем број од луѓето кои учествувале во содзавањето на кризата и извлекувањето од неа, работеле во „Голдмен Сакс“.
– Министерот за финансии на Џорџ Буш, Хенри Полсон, беше творец на проектот „банкарска кауција“, со кој милијарди долари на граѓаните им биле подарени на неговите пријатели од Вол Стрит. Роберт Рубин, министерот за финансии на Бил Клинтон, 26 години работеше во „Голдмен Сакс“. Во истата банка работеше и Шефот на кабинетот на Џорџ Буш, Џошуа Болтен, моменталниот Шеф на кабинетот на министерот за финансии Марк Патерсон… Дури и на челото на националните банки на Италија и Канада се наоѓаат вработени од „Голдмен Сакс“, тврди Таиби.Инаку „Голдмен Сакс“ навистина профитираше од кризата. Нивната заработка во 2007 година беше 17,6 милијарда долари, а две години подоцна успеале да заработат уште повеќе – 20 милијарди долари.Светската економска криза го погоди светот уште во 2008 година и имаше катастрофални последици за светската економија. САД стоеше над