Maкедонија полека но сигурно ја снемува… Негативен природен прираст во третиот квартал од годинава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %.

Претседател на грчка партија го искина Договорот од Преспа, ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „фашистичка и нацистичка партија“
„Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка Влада ќе го стореше ова“, рече лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“ – Кирјакос Велопулос, од говорницата на Парламентот и го искина листот со Договорот од …
Шолц не смее да ја нападне Кина! Америка врши притисок, Европа како замрзната пред важна одлука!
Германскиот канцелар Олаф Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина, односно казнената тарифа за електричните возила од таа земја.Претходно во вторникот, американскиот претседател Џо Бајден ја зголеми стапката на специјални царински санкции за тие возила на 100 проценти.За време …

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4.747 лицa, а од нив осум се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4.116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се разведени 301 брак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.