МАЈКА-МОНСТРУМ: Ги запалила ќерките, а потоа го повикала нивниот татко за да ги слушне како врескаат!

Девојчињата кои се наоѓаат на возраст од 2, 4 и 6 години, настрадале во пожар кога нивната мајка го добила барањето за старателство над децата од својот сопруг. Меѓутоа, таа одлучила да ги запали од одмазда.Мајката Тиријо Мбоу (35) од Белгија, си ги запалила трите ќеркички. Веднаш потоа, додека тие умирале во тешки болки, го повикала сопругот и му рекла: „Слушни ги како врескаат“. Оваа страшна трагедија ја вознемири светската јавност.
Медисон (6), Ебигејл (4) и Оми (2), починале во пламенот во сопствениот дом во малечкиот град Леник. Нивната мајка наводно ги заклучила во шупа и живи ги запалила, а потоа присилила својот сопругот да ги слуша додека врескаат.
„Подобро би било да побрзаш, но секако дека ќе биде доцна да ги спасиш. Тие нема да преживеат“, рекла во разговорот.

Мажот во паника ја повикал својата сестра која живее во близина за да отиде да провери што се случува. Кога пристигнала на местото на злосторството, таа ги видела јагленисаните тела на девојчињата.
„Врескаа 10 минути, но сега сѐ е готово“, изјавила мајката-убиец.
Жената беше уапсена под сомневање дека е виновна за трикратно убиство. Инаку, парот се бореше за старателство врз децата, па се претпоставува дека таа го подметнала пожарот кога добила писмо од адвокатот од сопругот дека тој побарал старателство над девојчињата.
„Пред да заминам на работа, ја гушнав најмладата ќерка. Не можам да поверувам што се случи“, изјавил таткото.
Најстарата ќерка преживеала, бидејќи за време на несреќата била во училиште.
Мајката Тиријо Мбоу (35) од Белгија, си ги запалила трите ќеркички. Веднаш потоа, додека тие умирале во тешки болки, го повикала сопругот и му рекл

Пронајдете не на следниве мрежи: