Верувам дека резултатите ќе бидат позитивни и дека ДНК анализата ќе покаже дека тој навистина е мој син. „Документацијата која ја собрав укажува на тоа, но потребна ни е уште таа последна потврда “, вели жена (46) која дошла до крајот на потрагата по своето дете за кое верува дека и е украдено пред 25 години.„Прво што ќе му кажам е дека не е даден туку дека ми е одземен. Дека го сакав и го родив за себе, а не за некој друг. Дека го сакам и дека има семејство овде, а како ќе живее понатаму сам нека одлучи“, вака една жена ја почнува својата приказна која верува дека синот и е украден пред 25 години.
Оваа храбра жена која живее и работи во Панчево е многу блиску до целта по цели 25 години да докаже дека детето и било украдено. ДНК примерок од сега веќе возрасното момче е земен и многу брзо ќе се знае дали целата нејзина борба била залудна или не.
„Јас мислам дека резултатите ќе бидат позитивни и дека ДНК анализите ќе покажат црно на бело дека тој навистина е мој син. Целата документација која со години ја собирав укажува на тоа, но нам ни е потребна уште таа, последна потврда“, вели оваа 46 годишна жена.
„Чекањето е најтешко, но чекав толку време, па можам да се стрпам уште некој ден“, вели таа.
Нејзината приказна е слична на прказните на останатите мајки чии деца „завршиле некаде“. Откако се породила без никакви проблеми, го доела детето, сестра упаднала во собата и рекла дека бебето нагло помодрело и дека мора да биде префрлено во друга детска болница. Ден подоцна сопругот добил телеграма од белградската болница дека бебето починало. Документите како и во повеќето случаи биле неуредни. Сепак она мајчинско чувство дека детето всушност е живо не ја напуштало.
Полни 18 години подоцна на вратата од нејзиниот дом стигнала покана за гласање на име на нејзиниот син, бидејќи станал полнолетен. И тогаш започнала потрагата. Колку подлабоко „копала“ , била посигурна дека и било направено страшно злодело.
Прво во општината и соопштиле дека нејзиниот син го нема во матичните книги, иако е на списокот за гласање, по што во болницата ја уверувале дека „се работи за грешка“. Но, податокот кој го добила од две погребни претпријатија ги потврдил нејзините сомнежи – од погребните заводи во Панчево и Белград рекле дека бебето никаде не било погребано.
Тогаш таа дознала дека нејзиниот син е жив и дека се наоѓа во Србија, можеби дури и во Панчево. Но, додека таа дознавала повеќе, момчето за кого верува дека е нејзин син се отселил во САД.
„Верувам дека некој им се јавил на тие личности кои го земале, им кажал и дека тие го тргнале во надеж дека нема да го надам“, вели оваа жена.
Таа напоменува дека ништо не би можела да стори доколку не било Здужението на родители на исчезнати деца во Србија кои цело време и пружале огромна поддршка, и ја организиорале ДНК анализата. Во следните неколку дена оваа храбра жена која ниту еден момент не се откажала од своето дете, ќе ја заврши својата потрага.„Прво што ќе му кажам е дека не е даден туку дека ми е одземен. Дека го сакав и го родив за себе, а не за некој друг. Дека го сакам и дека им



