петок, 13 ноември 2026
Најново

Македонци ќе го рушат Гинисовиот светски рекорд во туркање автомобил

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најголема далечина помината со туркање автомобил од двајца луѓе за време од 24 часа, е предизвикот на Александар Чекоров и Александар Смилков, кои во сабота во салата на Спортскиот центар Форца, ќе се обидат да го срушат сегашниот Гинисов светски рекорд, кој во моментов изнесува 82,4 километри.Автомобилот ќе се турка на кружна патека во салата, а за регуларноста на настанот и запазување на правилата поставени од Гинис ќе се грижи седумчлена комисија од неколку судии од Атлетската федерација на Македонија и истакнати спортски работници и спортисти.
Настанот ќе биде документиран со 24 часовно видео, фотографии и записник од страна на судиската комисија.
По планираното соборување на рекордот сите доказни материјали се праќаат до Гинис, каде во следните неколку недели се верификува постигнатото.
Инаку, Александар Чекоров е скоро 20 години во маратонското и ултрамаратонското трчање. Тој е првиот Македонец што има истрчано 100 километри и се уште држи македонски рекорди на 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка (890км).
Александар Смилков е исто така маратонец и повеќе години е активен и во фитнесот.Автомобилот ќе се турка на кружна патека во салата, а за регуларноста на настанот и запазување на правилата поставени од Гинис ќе се грижи седумчле

Поврзани вести