Македонците и Граѓанската Војна во Грција

Во текот на оваа војна загинале 51.000 членови на ДАГ, од нив 21.000 души биле Македонци. Во периодот помеѓу 1945 – 1949 година грчките владини сили стрелале околу 6.000 Македонци… 

По завршувањето на Втората светска војна политичко-општествената состојба во Грција била сложена поради недоразбирањата во грчката колициска влада и вмешувањето на западните сили во внатрешните грчки работи. По повлекувањето на германската армија, ЕЛАС дозволила англиските сили да се распоредат во Атина. Во есента 1944 година десните политички партии во владата на Георгиос Папандреу ги принудиле министрите од ЕАМ да поднесат оставки. 

Набргу потоа главната англиска команда побарала од ЕЛАС да се разоружна, но таквиот предлог бил одбиен од Комунистичката партија на Грција и се разврзал судир кои траел еден месец. Судирот завршил со пораз на ЕЛАС и бил склучен договор во атинското предградие Варкиза во февруари 1945 година. Според овој договор ЕЛАС требало да се разоружа и да ги растури своите сили. Меѓутоа постигнатиот договор не ја смирил состојбата туку преставувал вовед во Граѓанската војна во Грција.

Грчката влада на чело со генералот Николаос Пластирас започнала со прогон и апсења на сите демократски дејци во Грција, а особено на удар се нашле членовите и симпатизерите на КПГ. Сосотојбата во Егејска Македонија била уште посложена. Таму, грчките владини сили, потпомогнати од англиските вооружени формации, извршиле палења, убиства и силувања низ макеоднските села. Таквата состојба ги принудила Македонците да започнат со организирање на борба против грчките владини и англиски сили. 

Во 1945 година била создадена македонската организација Народноослободителен фронт (НОФ) кој во текот на целата Граѓанската војна во Грција била главен претставник на Македонците и нивните барања за решавање на македонското прашање.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.