Македонците и Граѓанската Војна во Грција

Грчките владини сили броеле 300.000 војници и биле потпомогнати од 60.000 вооружени цивили, ДАГ располагала со 45.000 борци кои биле вооружени со лесно пешадиско оружје и биле обучени за герилско војување. ДАГ под влијание на комунистичкото раководство, превенствено на Захаријадис, ја напушта герилската тактика и прифаќа дирекетен судир со владините сили. 

Поради таквата тактика се случиле неколку битки во кои се покажала надмоќноста на грчката владина арамија, а ДАГ и македонските сили се нашле во тешка положба. Во текот на тешките борби била донесена Резолуцијата на Информбирото за состојбите во КПЈ и Југославија, која што негативно влијаела врз левичарските воени и политички сили во Грција. Захаријадис го искористил овој документ и ги обвинил југословенските раководители дека тие се виновни тешката положба на левичарските сили во Грција. Поради овој настап на Захаријадис левите сили во Грција ја изгубиле помошта и поддршката од Југославија. Захаријадис набргу потоа направил уште една клучна грешка, го отстранил Маркос Вафијадис од сите раководни позиции, а ДАГ останала без еден од своите најдобри воени раководители.

Во 1949 година Демократската армија на Грција под своја контрола ги имала само планинските рени во западните и југозападните делови во Егејска Македонија. Наоѓајќи се во тешка положба, под влијани на Захараијадис, КПГ се обидела под паролата „Обединета Македонија“ да придобие што поголем број на Македонци во редовите на ДАГ. Меѓутоа левичарското движење се наоѓало пред катастрофален пораз. Кон крајот на граѓанската војна доаѓа до битките кај Вич и Грамошта во кои ДАГ била поразена, а левичарските раководители и остатоците од нејзините сили биле принудени да се повлечат на територијата на Албанија со што завршила Грчката граѓанска војна.

Во текот на оваа војна загинале 51.000 членови на ДАГ, од нив 21.000 души биле Македонци. Во периодот помеѓу 1945 – 1949 година грчките владини сили стрелале околу 6.000 Македонци и Грци, а околу 40.000 грчки граѓани, меѓу кои и голем број на Македoнци, биле интернирани на грчките острови. Околу 90.000 Македонци и Грци биле принудени да емигрираат поради владината репресивна политика. Околу 50.000 Македонци емиграрале во Југославија, а околу 20.000 Македонци се населиле во Советскиот Сојуз и источноевропските комунистички држави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.