Македонците и Граѓанската Војна во Грција

Во 1946 година десничарската влада ги фалсификувала изборите и потоа преку плебисцит издејствувала враќање на грчкиот крал и возбновување на монархијата во Грција. Овие случување ја потикнале Комунистичката партија на Грција да ја создаде Демократската армија на Грција (ДАГ) и да започне отворена вооружена војна против владата во Атина. Набргу потоа доаѓа до преговори помеѓу ДАГ и НОФ од кој произлегол договорот за организациско потчинување на македонските партизански сили под командата на ДАГ и КПГ.

Во текот на 1947 година ДАГ и македонските сили создале голема слободна територија помеѓу планините Вич и Грамошта (Грамос), Џена, Пајак Планина, Кајмакчалан,Каракамен како и во источниот дел на Егејска Македонија. Успешното дејствување на левичарските и македонските сили ја принудиле десничарската влада да издаде наредба за стационирање на големи владини сили во сите градски центри како и присилно иселување на селското население и нивно смествување по градовите. Целта на оваа мерка е да се ослаби ДАГ која што се снабдувала со борци и храна претежно од селската средина. 

Во 1947 година била клучна за исходот на граѓанската војна. Соединетите Американски Држави активно се вклучиле во случувањата во Грција и, согласно т.н. Труманова доктрина за спас на капитализмот, дале финансиска и воена помош за грчката влада, а грчките владини сили започнале офанзива. Од друга страна пак главниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис направил погрешна проценка дека во 1948 година ДАГ ќе брои 65.000 борци и дека цела Егејска Македонија ќе биде ослободена. 

Тој влијаел да се напушти герилскиот начин на војување и да се преземе фронтовско војување со владините сили. Кон крајот на 1947 година на слободната територија во егејскиот дел на Македонија се формирала Привремена демократска влада на Грција на чело со Маркос Вафијадис. Во оваа влада подоцна имало еден Македонец кој ја извршувал должноста минимално.
Во 1948 година двете завојувани страни започнале со подготовки за завршување на војната.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 3 ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.