Македонците во Србија ги прославија двата Илиндени

Македонците во Србија покрај двојниот Илинден, го одбележуваат и јубилејот 70-години од колонизирањето во Војводина, објави МРТ.И овој Илинден ги обедини Македонците од Врање до Суботица, каде што веќе со денови се чествува најголемиот македонски празник. Централната прослава годинава се одржува во најмакедонските места во Србија-во Качарево и во Јабука. На нашите деца треба да им предадеме посреќна, побројна и посплотена македонска заедница во Србија-порача добитникот на медалот за заслуги за Македонија, претседателот на Националниот совет Борче Величковски.
Со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука, почит на Илинденските херои им одадоа преставници на бројните македонски здруженија во Србија.Централната прослава продолжува со спортски игри, а ќе заврши со голем илинденски собир во Качарево со настап на КУД Распеани Паланчани, дуетот Селимова- Желчевски и вокалните групи Тоше Проевски и Македонки од Белград.И овој Илинден ги обедини Македонците од Врање до Суботица, каде што веќе со денови се чествува најголемиот македонски празник. Централната прослав

Пронајдете не на следниве мрежи: