Македонец ќе суди на ЕП во Словенија

Најдобриот македонски кошаркарски судија Александар Милојевиќ, ќе биде еден од 40-те арбитри кои ќе ја делат правдата на Евробаскетот во Словенија.Континенталното првенство кое од 4. до 22. септември ќе се одржува во Словенија, ќе биде трето за Милојевиќ, тој претходно судеше на Европските првенства во 2009 и 2011 година, кои се одржаа во Полска и во Литванија.На последното Европско Првенство во 2011 година, Милојевиќ по успешно минатата прва фаза, судеше и во втората групна фаза на шампионатот.„Сметам дека за овој мој успех големо влијание има и одличниот пласман на нашата репрезентација на последниот Евробаскет. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и посакувам заедно со репрезентацијата да останеме и до самото финале во Словенија“, изјавил за интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација (www.basketball.org.mk) Александар Милојевиќ.
МакфаксНајдобриот македонски кошаркарски судија Александар Милојевиќ, ќе биде еден од 40-те арбитри кои ќе ја делат правдата

Пронајдете не на следниве мрежи: