Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

Во пресрет на Илинден, ПУЛС24 ви предлага текст од нашата богата архива. Овој текст разјаснува многу од прашања кои и денеска се актуелни. Среќен празник на сите МАКЕДОНЦИ.

На 3 март 1878 година, со мирот склучен во Сан Стефано, заврши Руско-турската војна. Русија победата се обиде да ја искористи за да ја реши таканаречената Источна криза во своја корист. Русија, всушност, сакаше, користејќи го правото на победник, Балканот да го претвори во зона на свое влијание, притоа, почитувајќи ја австроунгарската заинтересираност за неговиот западен дел.

Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

Со одредбите на Санстефанскиот договор Србија, Црна Гора и Романија ги проширија своите територии на штета на Турција: Србија се прошири се до Рашка, Нови Пазар во Санџак и Ситница и Лаба на Косово. Црна Гора ги доби Плав, Подгорица, Никшиќ, Гадско, Жабљак и Бар, а Романија северниот дел на Добруџа. Со договорот во Сан Стефано се создаде сосема нова автономна бугарска држава, со сопствена влада и војска, чии граници ги опфатија териториите на денешната бугарска држава, Врањскиот округ, вклучително и градовите Ниш, Пирот и Врање, преку Шар Планина, Кораб, Црн Дрим, па се до Грамос во денешна Грција, опфаќајќи ги Преспанското и Охридското Езеро, како и подрачјето на градот Корча во денешна Албанија, вклучително и самиот град. 

Според мировниот договор, замисленото бугарско кнежевство на југ требаше да ги добие териториите северно од границата што беше подвлечена од Грамос до Вардар и продолжуваше понатаму до сливот на Места. Солун и Халхидик останаа турски. Од Места, по Родопите, преку Луле Бургас, границите на кнежевството допреа до Црно Море.

Како што се гледа, огромен дел од етничка и географска Македонија влезе во новоформираното бугарско кнежевство. Руските војски требаше да останат во новата држава за да помогнат во утврдувањето на новосоздадената власт. Австроунгарската монархија и Русија, според договорот, ја обезбедуваа автономијата на Босна и Херцеговина.

Мирот склучен во малото гратче Сан Стефано кај Цариград, предизвика јавно незадоволство кај Англичаните, Австро-Унгарија, Германија, Србија и Грција. Секој од нив имаше свои причини за незадоволство: големите сили од ширењето на руското влијание преку новосоздадената бугарска држава, а Србија и Грција од соседството на Голема Бугарија, која можеше да ја загрози нивната независност. И не само тоа: во рамките на новокомпонираната држава влегоа големи парчиња од нивна територија. Русија беше принудена да се согласи да се ревидираат одредбите на Санстефанскиот договор.

Продолжува на страна 2 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.