Македонија напредна само две места на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија, на најновата ранг листа, која ФИФА ја објави во четвртокот, бележи скок за две места и се наоѓа на 78-та позиција.Љубителите на фудбалот во Македонија се надеваа дека по брилијантната партија над Данска  во Скопје и победата од 3:0, македонската селекција можеби ќе оствари поголем напредок на листата на ФИФА.И покрај напредокот за две места, Македонија одново е најслабо рангирана во А групата од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Бразил, со оглед дека Велс по победата над Австрија, скокна за 13 места и сега е на 68-та позиција.Напредокот од пет места има и Шкотска, која сега е на 64 место, Србија напредувала за едно место и сега е 36-та, Белгија го задржа 20-то место, а најдобро рангирана и натаму е Хрватска, која сега е деветта фудбалска сила на светот.Кога станува збор за репрезентациите кои се во Топ 10, лидер  и натаму е Шпанија, пред Германија и Аргентина. Англија по победата над Бразил се проби две места и сега е четврта, пред Италија, Колумбија, Португалија, Холандија и Русија.
МакфаксФудбалската репрезентација на Македонија, на најновата ранг листа, која ФИФА ја објави во четвртокот, бележи ско

Пронајдете не на следниве мрежи: