Македонија се гуши во висока загаденост, Владата вели дека граѓаните се виновни

Воздухот низ цела Македонија и вечерва е критично загаден. Според податоците од мерните станици кои можат да се видат преку апликацијата Мој Воздух, концентрацијата на штетните ПМ честички се далеку над дозволените граници во скоро сите градови каде што има голем број на жители.Па така во Тетово вечерва има 232 микро грама ПМ честички на метар кубен, во Битола 260 и 226, покажуваат двете мерни станици, а Кичево е нешто помалку загадено со 179 микро грама ПМ честички на метар кубен.

 
Мерната станица во Лисиче како по обичај покажува најголема загаденост од дури 415 микро грама ПМ честички на метар кубен, Карпош е со 194, а и мерната станица кај Ректорат покажува исклучиво високо загадување од 358 микро грама ПМ честички на метар кубен.

 
Според Владата граѓаните се виновни за загадениот воздух
Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас.
– Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.Па така во Тетово вечерва има 232 микро грама ПМ честички на метар кубен, во Битола 260 и 226, покажуваат двете мерни станици, а Кичево е нешт

Пронајдете не на следниве мрежи: