Македонија се откажува и од Македонците во Бугарија?

Новинарот Христо Ивановски, кој важи за човек кој ги следи односите на Македонија со Бугарија отворено ја отвори дилемата пред министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека договорот кој што Зоран Заев и Бојко Борисов ќе го потпишат на 2 август е асиметричен, односно предвидува повеќе обврски кон Македонија отколку кон Бугарија, што значи дека нема воопшто реципроцитет по некои прашања. -Бугарија се поставува како поголем брат. Она диктира што и како ќе биде во две точки. Принципот за реципроцитет во тој текст недостасува. Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот Устав не смее и не треба да се толкува дека преставува или ќе преставува основа за мешање на Република Македонија во внетрешните работи на Република Бугарија. Ваква ставка нема за Република Бугарија, рече Ивановски.
Димитров како по однос на овој дел од договорот, така и по неговата целосна содржина одби да одговори директно дали ќе биде симетричен, но најави дека тој нема подеднакво да ги обврзува двете земји, односно Македонија ќе мора да дава повеќе концесии.
-Факт е дека тоа е асиметрична клаузула. Исто така е факт дека ова е препишано од времената спогодба со Грција од 1995 година и има врска со онаа одредба од Уставот која претрпе и амандмани, рече Димитров.
Јавноста знае дека таа одредба од уставот на РМ која беше променета по времената спогодба со Грција се однесуваше на грижата на Македонското малцинство во соседната земја. Оттука се поставува прашањето дали со новиот добговор кој ќе го потпишат Борисов и Заев на 2 август Македонија ќе се откаже и од македонците во Бугарија. -Бугарија се поставува како поголем брат. Она диктира што и како ќе биде во две точки. Принципот за реципроцитет во тој текст недостасува. Републик

Пронајдете не на следниве мрежи: