Македонија соочена со нерегуларни избори: Повредени кандидати, престрелки и искршени штабови во првите три дена

Со насилство партиите на власт ја започна својата предизборна кампања за претстојните локални избори. За само три дена е пукано во носител на листа, на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ му беше вперен пиштол во глава, искршени се штабови, се злоупотребуваат службени возила за партиски цели.Среде Кичево вчера беше пукано во носител на листа на независни кандидати за советници, а повреден е неговиот шеф на кабинет.
Три лица се повредени во пукањето кое вчера околу 18:50 часот се случи во Кичево. Од полицијата информираа дека кон трите лица со пиштол пукал 58 годишниот А.Д. од Кичево.
-Кичевецот ги пресретнал и со пиштол пукал кон своите сограѓани и ги повредил Д.А. (58), А.А. (40) и Ш.Д. (54). Според неофицијални и непотврдени информации, лицата во текот на денот имале судска парница. Д.А. се здобил со повреда во ногата, додека А.А. во слабината и двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и е пренесен во кичевската болница. Од полицијата информираат дека А.А. и пиштолот со кој пукал се обезбедени. Полициски екипи вршат увид на местото, соопштија синоќа од МВР.
Полицијата ги објави иницијалите, но медиумите објавија детали за страшниот настан. Во Кичево е ранет Алит Абази, заедно со својот шеф на изборен штаб Дестан Абдиу. Кон нив е пукано од другата страна на кичевскиот булевар. Кон нив со пет куршуми пукал Абдула Абдулау. Ранил три лица, две кои му биле метата и случаен минувач.
Ранетиот Абази е носител на единствената независна кандидатска листа на советници во Кичево.Среде Кичево вчера беше пукано во носител на листа на независни кандидати за советници, а повреден е неговиот шеф на кабинет.

Пронајдете не на следниве мрежи: