Македонијо, off мори мајко

Острината и бистриот хумор повторно се дел од репертоарот на афористичарот Марјан Анѓеловски, бидејќи повторно успеа да чепне во најделикатните теми од секојдневниот живот на луѓето.Време е за најновите 7 афоризми од рубриката „Македонијо, off мори мајко“:
– Не сум нарцис. Поубав сум.
– Од него сигурно ќе стане човек. Мајмун е!
– Животот во Македонија не вреди ни пет пари. А и да вреди, немате толку пари.
– Плата? Тоа е она поради кое што скокаш, или од радост или од зграда.
– Животот во Македонија е невиден. Не го видовме.
– Еднаш се живее. Еднаш многу одамна.
– Не е точно дека нашата исхрана е еднолична. На ништо не личи.

Пронајдете не на следниве мрежи: