Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во врска со вчерашната констатација на Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, дека „Македонија е на дневен ред“ која ги шокираше Грчките Европратеници од ПАСОК, Никос Андрулакис и Ева Каили, кои пак експресно реагираа со писмо, барајќи „употреба на точното име на поранешната југословенска Република Македонија“, го соопштува следното…„Во името на Македонската дијаспора и како претседател на Македонската Алијанса, сакам да се заблагодарам и да ја поздравам определбата на Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, да покаже вистински европски демократски вредности, употребувајќи го името Македонија.
Искрено верувам дека оваа определба ќе биде дополнителен поттик за сите останати официјални претставници на ЕУ да се одважат и охрабрат да и помогнат на нашата Татковина да го остварува основното национално право на самоопределување и употреба на нашето вековно име Македонија.
Истовремено, најостро го осудуваме неодговорниот однос на Грчките политичари во Европскиот Парламент, кои без разлика на која политичка опција припаѓаат, се единствени во нивниот ирационален однос кон Европските перспективи на Македонија. Оценуваме, дека писмото на Грчките Европратеници е уште една потврда за отсуството на демократски капацитет кај Грчките политичари, кои се уште живеат во минатото и без волја да ја разберат реалноста. Македонија била, е’ и ќе остане Македонија!
Ние го задржуваме и го браниме нашето уставно име, и бараме да ни се обраќаат со нашето уставно име!
Македонците не се’, и никогаш нема да бидат подготвени да ја платат најголемата можна цена, да го сменат своето име и идентитет, за да ги задоволат невозможните барања на Грчките политичари.
Затоа, Македонската Алијанса, бара од Европската Унија, конечно да им стави крај на провокациите кои доаѓаат од Грчките општествени чинители.
Недозволиво е официјална Атина да го злоупотребува членството во ЕУ и од таа позиција да ја провоцира Македонија, ставајќи и постојано сопки и блокади на нејзиниот Европски пат.
Не е првпат Грција да реагира на изјави на високи претставници на ЕУ кои јавно и даваат поддршка на Македонија. Оваа политика на постојани провокации од грчките политичари не придонесува кон градење на добрососедски односи што претставува основен принцип на кои опстојува Европската Унија.
Ние од Македонска алијанса, како и целокупната македонска дијаспора, сметаме дека Европската Унија треба да се определи за поцврст и принципиелен став кон официјална Атина, со што ќе ја оневозможи понатамошната нивна иредентистичка политика на уцени кон Македонија.„Во името на Македонската дијаспора и како претседател на Македонската Алијанса, сакам да се заблагодарам и да ја поздравам определбата на Ви