Македонските каратисти се закитија со девет медали

Историски успех за македонскиот спорт оствари нашата селекција во традиционално карате, која од Светското првенство одржано во Египет се врати со девет медали.Во конкуренција на 560 каратисти од 48 земји од светот, македонските каратисти освоија вкупно 9 медали: три златни, четири сребрени и два бронзени. Тоа беше и поводот за денешната средба со медиумите.
– Иако бевме една од најмалкубројните репрезентации ги покривме сите дисциплини, а макотрпната и долготрајна работа, вроди со плод. Освоени се девет медали. Ова е историски успех за Македонија како држава, истакна селекторот Венцислав Недев.
Од шест члената карате експедиција, Аљоша Недев со освоени два златни медали е најуспешниот, кој покрај златото во поединечна конкуренција во заедно со Матеј Ангеловски освои и злато екипно.
– 2014-година, ќе ја паметам по убави работи. Најнапред во мај го добив мојот син Филип, а годината ја завршив како Светски шампион. Златото ќе му го посветам на мојот син, изјави Аљоша на средбата со новинарите.
Најискусниот Дејан Недев, Мундијалот го заврши со четири медали, потенцира дека ова Светско првенство било едно од најконкурентните, но и дека македонските каратисти уште еднаш докажале дека се во самиот врв.
-Не беше ни малку лесно да се борам против мојот брат во финалето. Тоа доволно говори дека ние како Македонци котираме високо во светското карате, изјави Дејан.
Со најсјајното одличие (злато) се закити и Јадранка Недева – Јарчевска која освои прво место во дисциплината кого-кумите, за која освојувањето на два медали претставува дополнителен мотив да претстојните предизвици.
Следен нареден голем настап на репрезентацијата во традиционално карате ќе биде Европското првенство во Париз, во октомври следната година.Во конкуренција на 560 каратисти од 48 земји од светот, македонските каратисти освоија вкупно 9 медали: три златни, четири сребрени и два бронзени.

Пронајдете не на следниве мрежи: