Македонските кошаркари го загубија пријателскиот меч со Литванија на домашен терен со краен резултат 50:62. Нашите кошаркари почетокот го започнаа солидно, но очигледно топката никако не сакаше да влезе во обрачот на многуте чисти акции кои ги имаа кошаркарите.
Бројните нереализирани удари беа причина за да нема предност од наша страна на самиот старт, Македонската кошаркарска репрезентација во првите 5 минути го реализира првиот удар, преку Дамјан Стојановски, кој веднаш потоа погоди уште две тројки и влезе во ритамот на играта.
Набрзо резултатот се искачи на 11:06 за нас, но Литванците ги консолидираа своите редови, па во самиот финиш од првата четвртина стигнаа до минимална предност од 13-14.
Чековски ја стартуваше со тројка втората четвртина, по што македонските кошаркари добија на самодоверба. Цели пет минути Литванците не можеа да го најдат патот до нашиот кош, во фазата на нападот одлични беа Мекејлеб и Самарџиски, па кон средината на вториот период позитивата на македонскиот национален тим изнесуваше убедливи 26-14.
Постот на противникот го прекина Мациулис, по што следеше мини-серија на Литванија и приближување на 26-22, па Пипан зеде минута одмор за да им подели совети на нашите кошаркари. Клеиза погоди уште една тројка, но серијата од 0-11 на противникот ја прекина Војдан Стојановски, па на полувреме се замина со минимални 28-27 за Македонија.
Во вториот дел продолжи со израмнет резултат од двете страни. Сепак гстите не дозволија овој пријателски меч да претставува пораз за нив, па во последниот период од играта резултатот изнесуваше 44:43.
Многуте промашени шутеви претставуваа сериозен проблем, па Литванија влезе во последните четири миунти со предност од 48-55. Македонија продолжи со безуспешнте обиди за тројка, овозможувајќи им на гостите да поведат со 48-59 и на две минути до крајот да си ја обезбедат победата, изразена со конечни 50:62.
Дамјан Стојановски и Самарџиски постигнаа по 11 поени за Македонија на оваа средба, Мекејлеб реализираше десет поени, два повеќе од Војдан Стојановски. Во листата на стрелци од нашите репрезентативци се запишаа и Чековски (шест), Илиевски и Соколов (по два).
Македонската кошаркарска репрезентација во вторник ќе отпатува за Шпанија каде што ќе одигра два меча со ена пред почетокот на Евробаскетот 2013-та што ќе се одржи во септември во Словенија.
Нашите кошаркари почетокот го започнаа солидно, но очигледно топката никако не сакаше да влезе во обрачот на многуте чисти акции кои ги имаа кошарк