Македонските кошаркари стартуваа со победа на ЕП за играчи до 20 години

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години на стартот на Европското првенство во Унгарија Б дивизија во изедначен натпревар со 77-72, извојува вредна победа над директниот конкурент за место во втората фаза селекцијата на Белорусија.Во 1 коло од Групата Ц, нашата млада репрезентација предводена од триото Магдевски, Мекиќ, Бакоч ја совлада селекцијата на  Белорусија со 77-72, по четвртини 20-16, 15-14, 16-25,  26-17.
Капитенот на нашиот национален тим Андреј Магдевски со 22 поени , 13 асистенции и 7 скока беше вистински лидер на теренот и заедно со одличните Мекиќ 14 поени и Бакоч 15 поени 9 скока,  беа нерешлива енигма за кошаркарите на Белорусија и најзаслужни за премиерната победа. Добра партија одигра и нашиот највисок кошаркар Љубомир Младеновски со 13 поени и 8 скока. Кај поразената Белорусија , најдобри стрелци беа Белианку со 15 и Рубинштен и Јеусијевиќ со по 12 кошеви.
Со триумфот во првото коло, црвено-жолтите направија голем исчекор кон посакуваниот пласман во втората рунда на шампионатот во Унгарија.Следен ривал на Македонија на ЕП во Унгарија во групата Ц е селекцијата на Ерменија.Во 1 коло од Групата Ц, нашата млада репрезентација предводена од триото Магдевски, Мекиќ, Бакоч ја совлада селекцијата на  Белорусија со 77-7

Пронајдете не на следниве мрежи: