Македонската кошаркарска репрезентација денеска ја совлада Белорусија со 70:81(14:28,24:8,14:23,18:22) во рамките на третото коло од квалификациите за Европското првенство кое се уште не се знае каде ќе се одржи во 2015 година. Со оваа победа избраниците на Џикиќ практично се на ЕП, само ќе требаат уште две победи на домашен терен над Данска и Белорусија.Најефикасен кошаркар во македонската селекција беше Бојан Трајковски со 17 постигнати поени, а имаше помош од Костоски со 15 поени и Ричард Хендрикс кој оствари дабл-дабл од 10 скока и 10 поени. Кај домашните, најдобар поединец беше Лиутич со 17 постигнати поени. Следен натпревар Македонија игра во среда на гостувањето кај Белгија.
Повеќе на: sport365.mkНајефикасен кошаркар во македонската селекција беше Бојан Трајковски со 17 постигнати поени, а имаше помош од Костоски со 15 поени и Ричард Хендрик