Макпетрол подобар од Вардар во 8. коло од Кугларската лига

И по одигрувањето на осмото коло од првата кугларска лига во Македонија, екипата на Макпетрол останува единствената екипа која во досегашниот тек на првенството нема изгубено ниту еден бод.Во дербито од осмото коло во кугланата во СЦ”Борис Трајковски” се одигра многу квалитетен натпревар, каде актуелниот шампион Макпетрол на гости ја совлада екипата на “Вардар 2014” со резултат 2:6 и вкупен резултат по соборени дрва 3323:3412.
Во натпреварите кои се одиграа во кугланата “Мусандра”, екипата на ГТЦ ја совладаа екипата на “Хераклеа” со резултат 7:1 и вкупен резултат по соборени дрва 3342: 3159, додека екипата на Работнички ја совлада екипата на Империјал Тобако со резултат 6:2, со вкупен по соборени дрва 3294:3026.
На последниот натпревар помеѓу екипите на Македонија и 18 Август Адинг, гостите победија со резултат 1:7, со вкупен по соборени дрва 2279:3032.Во дербито од осмото коло во кугланата во СЦ”Борис Трајковски” се одигра многу квалитетен натпревар, каде актуелниот шампион Макпетрол

Пронајдете не на следниве мрежи: