Кога се работи за сечење на кромид, повеќе би сакале некој друг да го стори тоа наместо вас. Не грижете се, кромидот може успешно да се исече и без солзи.Свежиот кромид произведува хемиско испарување, кое во воздухот се претвора во сулфорна киселина која ги иритира солзните жлезди и произведува солзи. Солзите можете да ги избегнете со помош на овие мали трикови.
Ќелиите на ладниот кромид поспоро реагираат кога тој ќе се пресече. Потребно е кромидот да го оладите половина час во ладилник пред сечење, или замрзнете го во замрзнувач на 10 до 15 минути пред сечење.
Сечете го кромидот во близина на свеќа- топлината ќе го привлече сулфурот кој за возврат нема да ги нагризе вашите очи.
Џвакајте мастика додека го сечете кромидот.
Според некои теории на овој начин повеќе ќе дишете на уста и со самото тоа ќе го голтнете сулфурот пред тој да успее да дојде очите.Свежиот кромид произведува хемиско испарување, кое во воздухот се претвора во сулфорна киселина која ги иритира солзните жлезди и произведува солзи