Малите охриѓанчиња со божиќна песна го најавија христовото раѓање

Над 200 деца  беа  дел од  свечената  поворката   што по повод големиот христијански празник Божиќ трета година по ред  се одржува во Охрид.  Со торбички за дарови, фенерчиња, ѕвончиња и ѕвезди  во рака децата на   симболички начин  го навестија Христовото раѓање.Рано утрото поворката од деца  тргна од пред храмот „Св. Георги“ во Горна Влашка Мала, а точно напладне на градскиот плоштад  децата  ги пречекаа и даруваа со пригодни подароци, градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од локалната самоуправа и од Здружението за грижа и воспитување на деца.
-Во духот на празникот оваа литија го симболизира самиот ден. Дечињата кои ги симболизираат ангелчињата го најавуваат  Христовото раѓање и во духот на старата изворна традиција ја пеат песната Вечниот Бог, што навистина наговестува чувства на среќа и радост онака како што всушност е целата симболика на празникот Божиќ. Дечињата во оваа поворка или Литија го надополнуваат чувството на сите православни Христијани во Охрид и на православните христијани  насекаде во Светот за радоста која што ја наговестува Христовото раѓање,  рече градоначалникот Бакрачески и упати честитка до сите православни христијани по повод  големиот празник.
Летка Филипоска од организациониот дел на Литијата истакна дека   не е тешко да се организираат вакви настани ако сето тоа се прави со љубов и длабока верба кон Бога.
-Секое дете беше дарувано и со бадниково лепче , кое што го симболизира Христос Богомладенецот , кој што се роди во пештерата на Витлеем. Благодарност и до сите што го помогнаа овој настан вака тожествено да го прославиме, рече Филипоска.
Децата пеја божиќни песни минувајќи и низ охридската чаршија а во  храмот ,,Успение на Пресвета Богородица”-Каменско,  беа  пречекани  од старешината  кој ги дарува со свети крстиња а беше организиран и   заеднички ручек.Годинава општина Охрид на подарок од женскиот манастир во  Рајчица ја доби божиќната пештера која за празниците го краси градскиот плоштад во Охрид.Рано утрото поворката од деца  тргна од пред храмот „Св. Георги“ во Горна Влашка Мала, а точно напладне на градскиот плоштад 

Пронајдете не на следниве мрежи: