Малку ПОИНАКВА компир салата! Совршена за ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ

Оваа верзија од компир е малку поинаква и има неколку едноставни чекори за подготовка што ја чини многу вкусна. Најважно е компирот да не се превари, а се останато е преедноставно.Состојки:
1кг компир
4 лажици течност од кисели краставички
6-7 кисели краставички
1 лажица сенф
120 мл мајонез
60 мл јогурт
½ виолетов кромид
Резанка целер
Сол и бибер
Подготовка:
Излупете го компирот, измите и исечкајте на помали коцки. Ставете го компирот во ладна вода, додадете сол и оставете да се свари. Исцедете го и ставете го на страна да се олади.
Во помал сад измешајте го сенфот и течноста од краставичките. Прелијте ги компирите и добро промешајте. Ставете во ладилник на 30 минути.
Во меѓувреме, краставичките, кромидот и целерот исецкајте ги ситно. Во садот ставете го исецканиот зеленчук и додадете го мајонезот, јогуртот, сол и бибер, па се добро измешајте.
Добиената смеса прелијте ги ладните компири и добро промешајте. Префрлете во сад за сервирање. Наздравје.Состојки:
1кг компир
4 лажици течност од кисели краставички
6-7 кисели краставички
1 лажица сенф

Пронајдете не на следниве мрежи: