Вчера утро полицијата по налог на СЈО упаднала во домот на Едмонд Темелко, единствениот градоначалник Македонец во Албанија, кој е сврзно ткиво и единствен застапник на интересите на Македонците кај нашиот западен сосед, објави порталот Денешен.-Иако има и здравствени проблеми и неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на неговите деца и сопруга му ставиле лисици на раце и го спровеле кон Скопје, пишува порталот.
Светскиот македонски конгрес (СМК) соопшти дека Македонците во Албанија и во светот се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат негово итно и безусловно ослободување и извинување за повреда на честа и угледот.
-СМК потсетува дека Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Албанија за градоначалник на општина Пустец со три мандати и е најзаслужен за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на целата територија на Албанија! СМК приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и антидржавно однесување, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија, се вели во соопштението од СМК.
Основниот суд Скопје 1, рано утринава по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осум лица, како што бараа СЈО и Јанева.
Целиот предмет на Јанева бил прилично слаб и само врз основа на сомнителни искази на четири лица, се инсистирало изрекување на притвор за осуммина, иако за тоа не постоело никакво логично обрзаложение.
Апсурдот да биде поголем, кога гневот на тимот на Катица Јанева кулминирал, нивниот настап бил толку вулгарен што единствениот градоначалник Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, бил брутално напаѓан заради тоа што имал македонска партија во соседната држава и постоела опасност тој да ги повика Македонците да гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
По неоснованото апсење на Темелко, се поставува прашањето дали следниот чекор е наредба од Фатиме Фетаи, Катица Јанева и Зоран Заев за апсење на Никодим Царкњаз, Павле Васкопулос или Стефан Влахов- Мицов?, пишува Денешен.-Иако има и здравствени проблеми и неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на неговите деца и со