Марин Докузовски: Не се враќам додека овие луѓе се на чело на КФМ!

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски во интервјуто за порталот „Точка“ вели дека никогаш нема да се врати на селекторската позиција додека не се смени раководството на КФМ.Човекот кој ја однесе Македонија до четвртото место на ЕП во кошарка во Литванија и човекот кој да доби наградата за животно дело од областа на спротот „8-ми септември“, никогаш коректно не беше испочитуван од страна на раководството на КФМ.
По дебаклот во Словенија, заминување на Марин Докузовски од кормилото на репрезентацијата повторно се актуелизираше. Докузовски се обиде уште еднаш, како што тој вели, да ја каже вистината за неговото заминување.
– Од 20-ти септември 2011 до 5-ти јануари 2012, Марин Докузовски немаше никаков контакт со никого од федерацијата. Тие три и пол месеци никој не ме праша кај сум, од што живеам. Јас морав да барам нова работа, па кога потпишав договор со бугарски Лукоил, ми се јави претседателот на КФМ. Значи јас во тие моменти бев под договор и веќе не можев да ја менувам таа одлука, но и покрај тоа се договоривме да бидам советник и да помагам на репрезентацијата, меѓутоа ни од тоа не стана ништо. Од кои причини не знам……На сите ќе им стане јасно кои се моите односи со федерацијата само ако се запрашаат како можеше да не ме поканат да присуствувам на 20 годишнината на македонската репрезентативна кошарка, а не пак да ми доделат некое признание. Мислам дека јас сепак сум заслужил да бидам присутен на таа церемонија. Меѓутоа тие со тоа покажаа што мислат за мене, вели Марин Докузовски.
На прашањето дали некогаш ќе се врати  репрезентацијата, поранешниот селектор категоричен:
– Да, би се вратил меѓутоа не додека овие луѓе се на чело на КФМ, вели Докузовски.
Извор: tocka.com.mk
 Човекот кој ја однесе Македонија до четвртото место на ЕП во кошарка во Литванија и човекот кој да доби наградата за животно дело од областа на спр

Пронајдете не на следниве мрежи: